А бе Симо, луѓево со години го студирале ова, направиле, тестирале, модифицирале ... дури и Словенците им го признаваат, незнам ... ти реков, знам што збориш и што сакаш да кажеш, ама фактите говорат друго... инструментите и корисниците, нели. Па ќе се пожалеше некој дека е превара мајку му, глеаш дека се отворени за коментари, прашања и сугестии.
Друго, погрешно се изразив - не е водород туку водород и кислород, што е у ствари добитната комбинација. Како и да е, пак ќе кажам, можеме бесконечно да теоретизираме, ама тешка пара е уложена у генераторов за да биде ваков каков што е и многу професори и научници од Винча се ангажирани. Ипак не сме ние попаметни од нив, а тајната не се луди да ти ја кажат фала Богу. Мислам дека има можност и да се испроба системот и ако не си задоволен да го вратиш (ќе ти ги задржат само парите за инсталација 50 евра мислам дека беше).