Нема со ххо, ама има со твојот начин на размислување, не си забележал дека за секоја тема ти си „поинаков“? Двеве високо отровни соединенија кога ке се измешаат даваат чиста вода за пиење (да не се задавиш од лепчето со путер) и плус солца да си ставиш одозгора, да ти биде повкусно Ете тоа ми беше поената!
Koj e мојот начин на размислување?
И не, не сум за
секоја тема поинаков (sic), од каде тоа? Ако не си приметил, влегувам во дискусија само кога некој ќе одвали тешка глупост (неврзување на автопат, звукот од моторот побитен од ефикасноста, ххо и слично...)
А тоа дали ја и колку разбирам, бар имам доблест да си признаам - јебига не сум вундеркид нити сакам да бидам, лошото е кога некој е убеден во нешто што не е ... у ствари тоа е опасно по себе и околината. Ништо лично, генерализирам !
Затоа кога нешто не разбираш треба да се потрудиш да го разбереш, а не да веруваш на свакојаки преваранти кои ќе ти фрлат пар бесмислени графици, клучни јаки зборови тесла винча и сл.
За последен пат: ковалентните врски меѓу водородот и кислородот во водата се исклучително јаки и енергијата потребна за нивно раскинување ја надминува енергијата добиена со согорување на водородот. Да не беше така, немаше да се мачиме со нафта, природен гас, хидроелектрани, нуклеарна енергија итн итн.... Просто ќе ја двоевме водата на водород и кислород, па таа мала позитива ќе ја искористевме за НОВО двоење на водород и кислород итн итн. Доволно ќе беше да врземе во серија неколку илјади такви двојачи и на крај ќе добиевме практично бесплатна енергија од вода во произволни количини и ќе ги решевме сите енергетски проблеми на човештвото.
За жал, тоа не е така и јеби га.
ххо, елефантино, екобуст и слично се тешки, тешки, тешки глупости кои се базираат на незнаењето на потенцијалните купувачи. Нивните произведувачи многу добро знаат колку малку знае просечниот купувач и врз тоа незнаење го базираат сопствениот бизнис план. Си чул за pxd пирамида? Eпа истото е.