Автор Тема: Интересни понуди на користени возила.  (Прочитано 4555491 пати)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #16050 на: 14 Септември 2017, 09:59:01 am »
Од многу емоции за мустанг, сВе испомеша :) и 370Z спомна класниот... Не ми е јасно, зошто сите правите споредби со Германија и увоз од таму? Сите типови што сакаат да се перчат дека имаат скапа кола, прават компарации со германија па соодвето и цената на колата треба да е 40-50% поскапа од таа во германија бидејќи "мора да се увезе"? Што сега, ако Клиото го земав за 2900, а во Германија соодветното кошташе  над 5000, тоа значи дека моево вреди 5000 +40 до 50%? 7500е? Или па можеби и повеќе дека не ни може да се увезе поради еуро нормите? Ајде ако не 10.000е ќе го огласам, а аналогно на тоа импрезата околу 15.000 ќе ја огласам... Па и по ФБ ќе постирам у сите можни групи за огласување... да видат невестите колку сум "богат".

Ништо  не сум испомешал.
Правиме споредба затоа што давачки за увоз на Мустанг од Америка во Германија и од Америка во МКД не се исти.
Ти пишав дека нов Мустанг (каков што ти се свиѓа) од салон во Германија е 20.000 евра поефтин отколку да го порачаш од Ми-да.
20.000....не 2000.

Сите кои купиле Мустанг од Германија за 15.000 - 20.000 евра, тука се опрчиле уште 5, 6, 7 зависно како му го удриле сатарот на царина..

Ако тебе ти е скап, оди во Германија , купи некој од овие што ги постирав, и пак ќе дојдеш на исто дереџе...
Трет пат ти го пишаувам ова, ко португалски да зборам.



BTW, да бидеме реални сега - знаеш зошто толку малку километри имаат поминато? Пошто газдите сконтале дека возење Мустанг В8 во Европа е одличен начин набрзина да банкротираш.

Нема и јаре и паре...
Мустанг V8 не троши ништо помалку од Mercedes V8...
Ако ти е скапо...LPG..јбг.

http://kleinanzeige.focus.de/autos/mustang-v8-lpg.html

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30070
    • CARclub.mk
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #16051 на: 14 Септември 2017, 10:02:21 am »
Не ми е јасно, зошто сите правите споредби со Германија и увоз од таму?

Највеќе ја спомнуваме германија заради тоа што пазарот кај нас е ограничен, и ги нема колите што ги сакаме.

Али се согласувам со тебе.

Нема и јаре и паре...
Мустанг V8 не троши ништо помалку од Mercedes V8...
Ако ти е скапо...LPG..јбг.

http://kleinanzeige.focus.de/autos/mustang-v8-lpg.html

Јас дури би рекол дека Mercedes V8 троши помалку, али да не споредуваме Мерцедес и Форд, срамота е. Таргетот е сосема друг.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #16052 на: 14 Септември 2017, 10:04:52 am »
Остај ти помалку...
Мерцедес 240 E класа од 2005  троши  14 литри во град..не па V8.
Ене го во комшии...

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30070
    • CARclub.mk
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #16053 на: 14 Септември 2017, 10:13:14 am »
Мустанг (и било кој друг маслкар) е наменет да биде performance car за обични луѓе. Мустанг (и било кој друг маслкар) е дефиниција за „и јаре и паре“.

Мустанг (и било кој друг маслкар) е нелогичен во Европа ако носи V8. Можеме да ги вергламе на дугачко и на широко муабетите дека „Mustang без V8 не е Mustang“, ама..

Потрошувачка од 25-30 литри на 100 километри низ град (за која јас лично можам да посведочам) кај новиот Mustang V8 можеби проаѓа во Америка, каде цената на литар гориво е (грубо) една четвртина од цената на литар гориво тука, и каде Mustang V8 се купува за 33.000 даларс. Па нормален (потенцирам, нормален, америчкиот пандан на мене и тебе) човек може да си го дозволи.

Во Европа, каде што горивото е значително поскапо, и колата кошта значително повеќе пари - обичниот човек не може да си дозволи Mustang.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #16054 на: 14 Септември 2017, 10:19:33 am »
Ааа екобуст Мустанг не ти возам...
Да ми извиниш. ;D

Може тебе ти се битни пластиките во кабина , али мене она под хауба...поготово ако колата изгледа однадвор како што изгледа...
Попрво дизел Мерцедес ќе возам...CLK по можност. 8)

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #16055 на: 14 Септември 2017, 10:21:13 am »
Стратро, муабетот ми е дека се знае што и колку вреди во моментот. Тоа што РМ е пореметена земја, не се знае ништо, секој си тера по свое... Ја па се чудам што 12 год стар мустанг кошта повеќе него НОВ. Или па се чудам што друг колега продава голф 1 за 15.000е. У реду е, ваљда така треба да биде. Дај боже да си собереш 25 па да си се возиш у мустанг V8.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #16056 на: 14 Септември 2017, 10:26:30 am »
Ја ти гарантирам дека истиве Мустанзи ќе се продаваат за 7.000 евра помалку, ако не ги заклале на царина при увоз во МКД.
Од истите причини Македонија се наполни со коли на бугарски таблици.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4768
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #16057 на: 14 Септември 2017, 11:45:49 am »
Од многу емоции за мустанг, сВе испомеша :) и 370Z спомна класниот... Не ми е јасно, зошто сите правите споредби со Германија и увоз од таму? Сите типови што сакаат да се перчат дека имаат скапа кола, прават компарации со германија па соодвето и цената на колата треба да е 40-50% поскапа од таа во германија бидејќи "мора да се увезе"? Што сега, ако Клиото го земав за 2900, а во Германија соодветното кошташе  над 5000, тоа значи дека моево вреди 5000 +40 до 50%? 7500е? Или па можеби и повеќе дека не ни може да се увезе поради еуро нормите? Ајде ако не 10.000е ќе го огласам, а аналогно на тоа импрезата околу 15.000 ќе ја огласам... Па и по ФБ ќе постирам у сите можни групи за огласување... да видат невестите колку сум "богат".


За ретки возила мора да се рачуна увоз од негде (најчесто Германија), колку вакви мустанзи има во МК и колку се за продавање? Истава дискусија ја имав со лик што дојде да ја гледа мојата. Многу ти е скапа! Колку 335ки има на нашиот пазар? Ама шо ќе ми се 290 коња. Па шо си дошол да ја гледаш? Земи си 320d CISTO NOVO со M-PACET и 20 col kineski FELGI или UNIKAT GOLF 1.9 тедеи со 8 црвени и чип шо ја праи 500 коња за 2 саати и не го поти, такви има со лопата да ги ринеш.

Aко сакаш ретко и добро сочувано ауто кај нас во случајов Мустангов мораш да го увезеш од негде.

Еве отприлика како изгледаше мојот увоз од Германија:
Ја гледаш на мобиле.де/аутоскаут24 и уште неколку огласи си спремаш ко резерва и отвараш новчаник за превоз/авион до Германија, хотел/сместување, идеш ја гледаш = канта, некој турак ја фарбал со малтер а на телефон ти вика unfallfrei, идеш глеаш друга мењачот скршен, трета враќана километража од 400к на 190 и смрди на биено сирење, па патуваш 2000км низ Германија да најдеш саглам кола, па на сервис ја носиш да си ја провериш (ја две коли однесов по 170е беше проверка во 40 точки во официјален сервис) ова е све дур да ја купиш. (1100 евра и тоа без плаќање смештај и превоз низ Германија, со спиење кај роднини и кола на располагање, само гориво и патарини платив).

Е да речеме си ја нашол, те бендисала, си ја купил си утепал 3-4 дена и 2000км, идемо даље. Вадење документи за извоз од Немско и увоз во Шупакленд, после иде превоз или шлепер да најдеш да ти ја донесе или возење до тука (цол таблици, патарини, гориво). Дојде тука? Е сеа пошо е кола со голема моќност и/или висока каталошка цена ради опрема, класа и земја на производство, царината и данокот се спушти гаќи и наведни се, па лежарина на царински терминал, па хомологација, технички и мал миљон административни такси на секој ебан шалтер (4900 евра без регистрација, таблици и зелен картон тоа беше плус 400евра).

Мене ме кошташе тотал 6400 евра целиов процес нормално плус цената на колата во Германија.

На ова ќе улета кладилничарскиот муабет (со лажичето од кафемат у уста, излитената апостолка и коса неизмиена недела дена пошо само у недела се бања кога е ефтина струја)...братче ја ќе ти кажам сеа: иам чоек ми ја носи од Бугарија за 2 дена за 500 евра. Ок имај, што ќе ти донесе и колку ќе те репне ќе видиме. Јас знам што купив, мојата не е крпена, составана од три, исправана, потопена у одводен канал (црвен Golf 5 GTI од БГ, да, сакав и јас едно време Golf да земам), слупана, тумбана, зарибана, крадена, не смрди на прчојна и пепељара пошо се возеле 5 души од Франкфурт до некое турско село и назад како и многу други срања што ги видов таму а и тука.

Не тврдам дека не може да се помине поефтино и полесно, све зависи од среќа и што сакаш да добиеш.

Иначе апсолутно се согласувам со тебе дека Шупакленд е држава со посебни потреби полна со шупаци со чудни пориви, ама за жал тие посрани правила и давачки важат за сите па мора да ги ставаме на кантар кога станува збор за ваква ситуација, односно меракот се плаќа тродупло.


Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30070
    • CARclub.mk
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #16058 на: 14 Септември 2017, 11:50:14 am »
Финта што ја научив од англиските форуми е кога бараш кола, да бараш на сајт на некој соодветен клуб/форум. Луѓето што се по форуми и клубови, обично се мераклии (барем кај нив) што си ги пазат, си ги чуваат и си ги лицкаат колите. Плус, многу често можеш да најдеш и тема за конкретната кола со мање-више целосна историја.

Е сеа, ова е за специфични и интересни коли.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #16059 на: 14 Септември 2017, 11:57:08 am »
Не само тоа. Сите мои другари и пријатели што барале/купувале кола секогаш ама буквално секогаш ми праќале/праќаат линкови од евтини коли од кај арапите/турците.

Устата пена ми фаќаше/фаќа од објаснување дека тоа не е добра понуда и дека подобро е да се бара поскапа кола со позната историја. НО... се разбира ниеден не ми верува на зборовите и упорно гледа раскантани возила.

На крај, се откажав од објаснување и сегашниот мој одговор е. Добро, ако сакаш ќе ја купиме, ама на твоја глава и одговорност. Јас ќе ти преведувам и помогнам околу документи. Другото е твоја работа.

Едноставно такви сме, секогаш гледаме поевтино да поминеме и да заебеме некој друг. Да земеме нешто одлично на смешна цена. На крај самите се заебуваме.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #16060 на: 14 Септември 2017, 12:18:37 pm »
Eте..тој Мустангот со 179.000 на Зеро...
Во Америка GT се околу 10.0000 $...минус 2000/ плус 5000 зависно од број на поминати километри кои исто така не биле битни за кола постара од 10 години.

https://www.cargurus.com/Cars/l-Used-2008-Ford-Mustang-c8312#listing=174268768




Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4020
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #16061 на: 14 Септември 2017, 12:22:03 pm »
Увези го од Америка...problem solved
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #16062 на: 14 Септември 2017, 12:24:47 pm »
Од многу емоции за мустанг, сВе испомеша :) и 370Z спомна класниот... Не ми е јасно, зошто сите правите споредби со Германија и увоз од таму? Сите типови што сакаат да се перчат дека имаат скапа кола, прават компарации со германија па соодвето и цената на колата треба да е 40-50% поскапа од таа во германија бидејќи "мора да се увезе"? Што сега, ако Клиото го земав за 2900, а во Германија соодветното кошташе  над 5000, тоа значи дека моево вреди 5000 +40 до 50%? 7500е? Или па можеби и повеќе дека не ни може да се увезе поради еуро нормите? Ајде ако не 10.000е ќе го огласам, а аналогно на тоа импрезата околу 15.000 ќе ја огласам... Па и по ФБ ќе постирам у сите можни групи за огласување... да видат невестите колку сум "богат".


За ретки возила мора да се рачуна увоз од негде (најчесто Германија), колку вакви мустанзи има во МК и колку се за продавање? Истава дискусија ја имав со лик што дојде да ја гледа мојата. Многу ти е скапа! Колку 335ки има на нашиот пазар? Ама шо ќе ми се 290 коња. Па шо си дошол да ја гледаш? Земи си 320d CISTO NOVO со M-PACET и 20 col kineski FELGI или UNIKAT GOLF 1.9 тедеи со 8 црвени и чип шо ја праи 500 коња за 2 саати и не го поти, такви има со лопата да ги ринеш.

Aко сакаш ретко и добро сочувано ауто кај нас во случајов Мустангов мораш да го увезеш од негде.

Еве отприлика како изгледаше мојот увоз од Германија:
Ја гледаш на мобиле.де/аутоскаут24 и уште неколку огласи си спремаш ко резерва и отвараш новчаник за превоз/авион до Германија, хотел/сместување, идеш ја гледаш = канта, некој турак ја фарбал со малтер а на телефон ти вика unfallfrei, идеш глеаш друга мењачот скршен, трета враќана километража од 400к на 190 и смрди на биено сирење, па патуваш 2000км низ Германија да најдеш саглам кола, па на сервис ја носиш да си ја провериш (ја две коли однесов по 170е беше проверка во 40 точки во официјален сервис) ова е све дур да ја купиш. (1100 евра и тоа без плаќање смештај и превоз низ Германија, со спиење кај роднини и кола на располагање, само гориво и патарини платив).

Е да речеме си ја нашол, те бендисала, си ја купил си утепал 3-4 дена и 2000км, идемо даље. Вадење документи за извоз од Немско и увоз во Шупакленд, после иде превоз или шлепер да најдеш да ти ја донесе или возење до тука (цол таблици, патарини, гориво). Дојде тука? Е сеа пошо е кола со голема моќност и/или висока каталошка цена ради опрема, класа и земја на производство, царината и данокот се спушти гаќи и наведни се, па лежарина на царински терминал, па хомологација, технички и мал миљон административни такси на секој ебан шалтер (4900 евра без регистрација, таблици и зелен картон тоа беше плус 400евра).

Мене ме кошташе тотал 6400 евра целиов процес нормално плус цената на колата во Германија.

На ова ќе улета кладилничарскиот муабет (со лажичето од кафемат у уста, излитената апостолка и коса неизмиена недела дена пошо само у недела се бања кога е ефтина струја)...братче ја ќе ти кажам сеа: иам чоек ми ја носи од Бугарија за 2 дена за 500 евра. Ок имај, што ќе ти донесе и колку ќе те репне ќе видиме. Јас знам што купив, мојата не е крпена, составана од три, исправана, потопена у одводен канал (црвен Golf 5 GTI од БГ, да, сакав и јас едно време Golf да земам), слупана, тумбана, зарибана, крадена, не смрди на прчојна и пепељара пошо се возеле 5 души од Франкфурт до некое турско село и назад како и многу други срања што ги видов таму а и тука.

Не тврдам дека не може да се помине поефтино и полесно, све зависи од среќа и што сакаш да добиеш.

Иначе апсолутно се согласувам со тебе дека Шупакленд е држава со посебни потреби полна со шупаци со чудни пориви, ама за жал тие посрани правила и давачки важат за сите па мора да ги ставаме на кантар кога станува збор за ваква ситуација, односно меракот се плаќа тродупло.
Интересна и поучна приказна. Сепак никој не оспорува дека мустангот бил ваков или онаков (иако е дрнкана од пола Скопје ко маалска мераклика), туку нераеланата цена на такви "ексклузивни" коли на кои и после 12 години цената им расте, мислиш Ferrari f40, 430 Skuderija, 458 Speciale, Delta EVO 2 или нешто слично огласиле.
Ти твоето го огласи 70.000е (пошто ново беше карикирам 60.000)? Преубав пример дадов со ебаното Clio Sport 172 кое е РЕТКО во МК (ги има вкупно 6 влкучувајќи Phase 1 172, Phase 2 172 и Phase 3 182) , ретко во Германија (цената на добар примерок почнува од 5000е), не може ни да се увезе, па сепак цената не му беше 7500е.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #16063 на: 14 Септември 2017, 12:28:15 pm »
Па најчесто во Македонија мислат пљукни-залепи е сам да си увезеш кола. Затоа и муабетите за увоз.
А за цените, не дискутирам, затоа што, кај нас пазарот не ги диктира цените, туку рекла-казала муабетите, заканите, и некакво смотано самочувствие за супериорност.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #16064 на: 14 Септември 2017, 12:31:35 pm »
Увези го од Америка...problem solved

12.000$
Плус 2000 $ транспорт =14.000$
Доаѓаш на царина и нашиве ти викаат " Опаааа.....Ааа дечко, оваа кола не кошта 14.000$ , заеби ти колку си ја платил...види ја каква е...кожа...8 цилиндри..гуми..па, па, па...
Овој Мустанг кошта најмалку 15.000 евра (што е реално прееемалку.....ќе ти ја ценат 20.000 сигурно , пошто во Шваке ја нема, дека америчка)

15.000 евра + 11% царина =16.650 евра
16.650 евра + 12% акциза за кола со вредност од 16.000-18.000 евра (која пропорционално се зголемува зависно од вредноста)  = 18.648 евра.
На овој збир ќе ти лупнат ДДВ 18% = 22.000 евра.

И..ако ги имам парите да кинам нерви со увоз/транспорт од америките или да тркнам до Битола/Чаир нашиве да ги видам спремни на МКД таблици и со можност под лупа во сервис да ги проверам за 1500 денари?



« Последно менување: 14 Септември 2017, 12:37:09 pm Stratro »