Од многу емоции за мустанг, сВе испомеша
и 370Z спомна класниот... Не ми е јасно, зошто сите правите споредби со Германија и увоз од таму? Сите типови што сакаат да се перчат дека имаат скапа кола, прават компарации со германија па соодвето и цената на колата треба да е 40-50% поскапа од таа во германија бидејќи "мора да се увезе"? Што сега, ако Клиото го земав за 2900, а во Германија соодветното кошташе над 5000, тоа значи дека моево вреди 5000 +40 до 50%? 7500е? Или па можеби и повеќе дека не ни може да се увезе поради еуро нормите? Ајде ако не 10.000е ќе го огласам, а аналогно на тоа импрезата околу 15.000 ќе ја огласам... Па и по ФБ ќе постирам у сите можни групи за огласување... да видат невестите колку сум "богат".
За ретки возила мора да се рачуна увоз од негде (најчесто Германија), колку вакви мустанзи има во МК и колку се за продавање? Истава дискусија ја имав со лик што дојде да ја гледа мојата. Многу ти е скапа! Колку 335ки има на нашиот пазар? Ама шо ќе ми се 290 коња. Па шо си дошол да ја гледаш? Земи си 320d CISTO NOVO со M-PACET и 20 col kineski FELGI или UNIKAT GOLF 1.9 тедеи со 8 црвени и чип шо ја праи 500 коња за 2 саати и не го поти, такви има со лопата да ги ринеш.
Aко сакаш ретко и добро сочувано ауто кај нас во случајов Мустангов мораш да го увезеш од негде.
Еве отприлика како изгледаше мојот увоз од Германија:
Ја гледаш на мобиле.де/аутоскаут24 и уште неколку огласи си спремаш ко резерва и отвараш новчаник за превоз/авион до Германија, хотел/сместување, идеш ја гледаш = канта, некој турак ја фарбал со малтер а на телефон ти вика unfallfrei, идеш глеаш друга мењачот скршен, трета враќана километража од 400к на 190 и смрди на биено сирење, па патуваш 2000км низ Германија да најдеш саглам кола, па на сервис ја носиш да си ја провериш (ја две коли однесов по 170е беше проверка во 40 точки во официјален сервис) ова е све дур да ја купиш. (1100 евра и тоа без плаќање смештај и превоз низ Германија, со спиење кај роднини и кола на располагање, само гориво и патарини платив).
Е да речеме си ја нашол, те бендисала, си ја купил си утепал 3-4 дена и 2000км, идемо даље. Вадење документи за извоз од Немско и увоз во Шупакленд, после иде превоз или шлепер да најдеш да ти ја донесе или возење до тука (цол таблици, патарини, гориво). Дојде тука? Е сеа пошо е кола со голема моќност и/или висока каталошка цена ради опрема, класа и земја на производство, царината и данокот се спушти гаќи и наведни се, па лежарина на царински терминал, па хомологација, технички и мал миљон административни такси на секој ебан шалтер (4900 евра без регистрација, таблици и зелен картон тоа беше плус 400евра).
Мене ме кошташе тотал 6400 евра целиов процес нормално плус цената на колата во Германија.
На ова ќе улета кладилничарскиот муабет (со лажичето од кафемат у уста, излитената апостолка и коса неизмиена недела дена пошо само у недела се бања кога е ефтина струја)...братче ја ќе ти кажам сеа: иам чоек ми ја носи од Бугарија за 2 дена за 500 евра. Ок имај, што ќе ти донесе и колку ќе те репне ќе видиме. Јас знам што купив, мојата не е крпена, составана од три, исправана, потопена у одводен канал (црвен Golf 5 GTI од БГ, да, сакав и јас едно време Golf да земам), слупана, тумбана, зарибана, крадена, не смрди на прчојна и пепељара пошо се возеле 5 души од Франкфурт до некое турско село и назад како и многу други срања што ги видов таму а и тука.
Не тврдам дека не може да се помине поефтино и полесно, све зависи од среќа и што сакаш да добиеш.
Иначе апсолутно се согласувам со тебе дека Шупакленд е држава со посебни потреби полна со шупаци со чудни пориви, ама за жал тие посрани правила и давачки важат за сите па мора да ги ставаме на кантар кога станува збор за ваква ситуација, односно меракот се плаќа тродупло.