Автор Тема: Интересни понуди на користени возила.  (Прочитано 4555511 пати)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #16035 на: 14 Септември 2017, 09:11:39 am »
Реклама не победува трки, и реклама не прави лоши пластики добри.

Види вака...
Некое Инфинити може има подобри пластики внатре од Мустанг...ама пак е Инфинити, не е Мустанг ГТ.
Или еве личен пример, може пластиките на новата Корса се подобри од оние кај мене....
Или пластиките и дисплеите во Хонда Џез се подобри од пластиките во Хонда NSX...

And?


Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #16036 на: 14 Септември 2017, 09:14:16 am »
Па освен шлајфување и тркање, ништо друго нема на рекламава. Муабетот го почнав за цената безвезална за безвезална кола. И VW Beetle e легендарна па никој не и бара 25000е.

Ова е легенда

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #16037 на: 14 Септември 2017, 09:16:22 am »
Стратро,

Од срце најтопло ти препорачувам да добиеш американец во твоја сопственост. Па после две-три години маки едвај да го продадеш оти е канта невидена.

Американците не веруваат толку многу во нивните коли, колку што веруваш ти.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30070
    • CARclub.mk
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #16038 на: 14 Септември 2017, 09:21:04 am »
Ајде сега малку риелити чек.

Ентериерот е важен. Многу важен. Дури можеби најважен. Не сите ќе се согласат со мене, ама..

Додека возиш - ти си внатре во колата. Работите што ги гледаш и ги допираш се внатре во колата. И важно е сето тоа да е убаво. Да се осетиш убаво во колата во која седиш додека возиш. На некој може да му биде убаво во таа генерација Мустанг. Мене не може да ми биде убаво, иако надворешниот дизајн многу ми се допаѓа. Ама внатре е бре брате ко Duplo количка. Ужас. Пластикарија. Одличен репрезент за тогашните трендови во американската авто-индустрија.

Новиот Мустанг? Пеки, друго е. Сум седел, знам. Ама ова.. Колку сака нека има 300 коња, внатре е одвратно, особено со тој грдиот волан со краците што одат преку обрачот. Одвратно.

Мислам, Стратро, стварно, стварно ти ја разбирам љубовта према коливе. Ама нема потреба да глорифицираме нешто што е објективно лошо. Работите отидоа напред.

Едит: Да се продаваше колава за 7-8000 евра, колку што реално вреди, па да си ја купи човек, да си ја лицка, да си игра, да се занимава.. Пеки. Ама за 25.000? Ајде бе, да не си играме играчки..
« Последно менување: 14 Септември 2017, 09:26:51 am zeroSignal »

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #16039 на: 14 Септември 2017, 09:26:42 am »
Новиот мустган, предобар внатре, уште подобар 5.0 мотор и профи заден "трап".

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30070
    • CARclub.mk
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #16040 на: 14 Септември 2017, 09:31:36 am »
За 25.000 евра ќе донесам Nissan 370Z што ќе врти кругови околу тенков.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4768
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #16041 на: 14 Септември 2017, 09:31:53 am »
Новиот мустган, предобар внатре, уште подобар 5.0 мотор и профи заден "трап".


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #16042 на: 14 Септември 2017, 09:33:44 am »
Абе глејте ги на јутуб како произведуваат амерички возила во 21 век. Chevrolet Corvettе и после веднаш гледај како се произведува една обична шкода во Чешка и се ќе ти стане јасно. Двајца момци на шевролетот го монтираат предното стакло и едниот ја остава машината што му беше при рука на стаклото. И после не чинеле, епа не чинеле. Просто е.

Еве го моментот 3:57 :D

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #16043 на: 14 Септември 2017, 09:35:30 am »
Reality check?

Мармалад, прочепкај пo мобиле.де да видиш колку коштаат 2005-2008 Мустанзи GT V8...и сети се на муабетот со акциза и остали давачки кај нас...а Мустанг каков што си постирал во пиц пец реставрирана состојба не кошта 25.000 евра.

Зеро, имам возено 400 КС (на тркала) суперчарџд Мустанг една генерација ПРЕД овој за кој збориме ...го видов пред некој ден, црн , нов како од салон...внатре со кожа..

Од надвор звучи идентично, а на изглед скоро и да не можеш да ги разликуваш...



Ама пластиките...пластиките...
Побогу, ако толку ми сметаат ( а не ми сметаат), ене ми го Славчо ќе ми го направи ко Бентли внатре....


Нисан 350 Z?
No thanx...бар не покрај масл.

Eдит: Ако Мустангов се преодава за 7, ти после 10 години колку ке му бараш на Голфот? 700?



Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30070
    • CARclub.mk
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #16044 на: 14 Септември 2017, 09:43:07 am »
Во Германија се наоѓа Mustang V8 за под 10.000 евра. Има еден кабрио со 69.000 км за 9950, има купе со 170.000 км (плус плинче, пошто ни Германците не се ненормални) за 9990. Сосе сите нишани, во Македонија нека кошта 15.000 да се увезе.

До 25.000? Ехеееее...

Едит: Таа цената од 25.000 кај нас е од многу едноставни причини - прво нема многу мустанзи кај нас, па луѓе ги гледаат као некаква „егзотика“, плус можда ќе се најде некоја наапана будала што actually ќе даде 25.000 евра за 12 години стар Мустанг.

Едит: Ако воопшто се решам да го продавам, ќе му барам толку колку што можам да добијам за него, за да го продадам. Сигурно нема да барам 100% од оригиналната цена.


Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30070
    • CARclub.mk

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #16047 на: 14 Септември 2017, 09:47:56 am »
М? https://suchen.mobile.de/fahrzeuge/details.html?id=249508888


179,000 km

179,000 km


179,000 km


Oвој кај нас е (наводно) со под 60.000, вториот околу 90.000.
Немој да ми речеш дека е небитно.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30070
    • CARclub.mk
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #16048 на: 14 Септември 2017, 09:49:47 am »
За 50% помалку пари.

За 50% помалку пари.

За 50% помалку пари.

--

Секако дека е небитно, особено кај кола стара 10+ години.

--

BTW, да бидеме реални сега - знаеш зошто толку малку километри имаат поминато? Пошто газдите сконтале дека возење Мустанг В8 во Европа е одличен начин набрзина да банкротираш.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #16049 на: 14 Септември 2017, 09:54:30 am »
Од многу емоции за мустанг, сВе испомеша :) и 370Z спомна класниот... Не ми е јасно, зошто сите правите споредби со Германија и увоз од таму? Сите типови што сакаат да се перчат дека имаат скапа кола, прават компарации со германија па соодвето и цената на колата треба да е 40-50% поскапа од таа во германија бидејќи "мора да се увезе"? Што сега, ако Клиото го земав за 2900, а во Германија соодветното кошташе  над 5000, тоа значи дека моево вреди 5000 +40 до 50%? 7500е? Или па можеби и повеќе дека не ни може да се увезе поради еуро нормите? Ајде ако не 10.000е ќе го огласам, а аналогно на тоа импрезата околу 15.000 ќе ја огласам... Па и по ФБ ќе постирам у сите можни групи за огласување... да видат невестите колку сум "богат".