Ајде сега малку риелити чек.
Ентериерот е важен. Многу важен. Дури можеби најважен. Не сите ќе се согласат со мене, ама..
Додека возиш - ти си внатре во колата. Работите што ги гледаш и ги допираш се внатре во колата. И важно е сето тоа да е убаво. Да се осетиш убаво во колата во која седиш додека возиш. На некој може да му биде убаво во таа генерација Мустанг. Мене не може да ми биде убаво, иако надворешниот дизајн многу ми се допаѓа. Ама внатре е бре брате ко Duplo количка. Ужас. Пластикарија. Одличен репрезент за тогашните трендови во американската авто-индустрија.
Новиот Мустанг? Пеки, друго е. Сум седел, знам. Ама ова.. Колку сака нека има 300 коња, внатре е одвратно, особено со тој грдиот волан со краците што одат преку обрачот. Одвратно.
Мислам, Стратро, стварно, стварно ти ја разбирам љубовта према коливе. Ама нема потреба да глорифицираме нешто што е објективно лошо. Работите отидоа напред.
Едит: Да се продаваше колава за 7-8000 евра, колку што реално вреди, па да си ја купи човек, да си ја лицка, да си игра, да се занимава.. Пеки. Ама за 25.000? Ајде бе, да не си играме играчки..