Еур1, јас колку што знам, треба да се добие од производителот на возилото.
Јас мојата 159 ја земав од приватен сопственик, и бидејќи имав фазла ден-два, решив да се распрашам дали може да извадам Еур1.
Прво бев во царинските служби на Хамбург, они беа љубезни и ме препратија кај шпедиција која се занимава со увози и извози на возила.
Шпедицијата ми објасни дека Еур1 документот, треба да го прибават од генералното застапништво на Алфа Ромео во германија (Минхен мислам дека кажаа), а дека тие треба да го добијат од Милано. И ме „израдуваа“ дека процедурата може да трае и цела недела. Успут ми кажаа „да си купел германско ауто, ќе завршевме за еден ден“
