@howitz Што кола возиш и со што дизел мотор? Немам видено низ форумот или пак немам запамтено. Стварно многу делови ти се расипале и имаш доста пари дадено за поправки. Незнам во какви услови ја возиш колата но ова е премногу.
Саше, возам Опел Сигнум 2006 (фејслифт), 1,9 cdti 16v 150 коња, купен е со нешто ситно под 200,000км, возен домаќински и доста сочуван каросериски и на ентериер, мотор ко мотор.
Колата ја возам на отворено и градска, можеби некои од деловите не беа за менување ама ги сменив затоа што сакам да ми колата во топ состојба. Ја чувам и пазам што се вика по сите прописи.
Не знам што да кажам, малер веројатно, сега колата е во топ состојба ( пошто све сменето ) ама мојата состојба е разочарувачка, мислам нема поента дизел освен ако не е нов од салон во премиум класа.
Следна кола би била бензин, турбо бензин.