Абе работава е ваква...
Голфот на дедо ми, станува се покомплициран и позахтевен за одржување ( јеби га, голф кец, уште некоја година ќе го достигне 40тиот роденден). Значи, полека иде у историја. Па сеа бараме друго количе.
Приказната е следнава: имам на располагање 3500 евра, кои би требало по планот да ми се доволни да купам кола, да ја сервисирам и регистрирам. Значи, дали од тука, дали увоз, небитно... Од прилика тие да се парите.
Вака ме фати пред две и нешто години кога го донесов цитроенот. Е сеа, ситуацијата малце ни се промени по дома (нели малиот терминатор е у игра), па ни треба нешто малце поинакво од Ц2-ката.
Колата би ја возел во најголем дел јас, после тоа невестата па и по некогаш дедо ми.
Имам некои услови кои пробувам да ги запазувам, па изборот е прилично ограничен...Еден од условите е да не е француска (еден французин по дома е доволен). Да не е многу голема (во смисол дугачка, што би и било проблем за манипулација на невестата), па изборот на каравани е малце поограничен. Битно е да е со 5 врати, и поголема од Ц2-ката (макар и Корса, би ми завршила работа). Да биде мало дизелче (со што трошоците за регистрација и одржување не би биле екстремно големи). Идеата е да се вози во наредни 5-6 години, додека не дојде на ред купување на поголемо и поново возило. Да е над 2005та година, да има околу 150.000км. Што е можно повеќе опрема за парите, ма да пресудно би било да е генерално у добра состојба колата.
Според тоа што разгледувавме, до сега ни се вртат во глава Корса Ц (1.3цдти), може и некое Фиестиче (1.4тдци), Мерива (ма да 1.7цдти многу луѓе ми викаат да го избегавам, а 1.3 е од поново годиште и е малце над буџетот), Фиат Идеа (како добра алтернатива за Мерива), можда некоја Ибица (1.4тди)...
Од прилика, тоа е тоа... Сите информации и заклучоци за цените ги имам добиено само од гледање огласи тука, и во Бугарија... Значи уште не сум почнал да шетам и да гледам на лице место... Али кај и да е, ќе тргнам да разгледувам и посериозно да си ја сватам работава...
