TOYOTA RAV 4 2.0 TDI 4X4 - 2003
Цена: 6.299 €
http://reklama5.mk/AdDetails/Index?ad=1491793
Патем, има искуство некој со Интегра Моторс?
Многу се скржави за фотографии, повеќето коли имаат едвај по една слика од внатрешност.
На овие три плаца.Кога би влегол и би им рекол.Дајте ми една кола која е стварно ок(не е удирана,фарбана и со исти стакла)да е малку од малку саглам верувам дека не би имале избор што да понудат од толку многу коли.
А 100 коли се во прашање минимум на трите плаца.
Ништо лично , али многу се напињаш со коливе која колку е фарбана и што како и е правено . И да ти дадат средена кола ,ти пак ќе идеш и ќе го гледаш најевтиното берлинго у скопје и ќе го искењаш утредента на форум...
По најевтиното никогаш не одам. По кола одам само ако по повикот мислам дека вреди да се оди.
За колата не ја ни знаев цената пред да одам,повеќе отидов за пријателот. Дали е фарбано и дали има проблем задниот трап беше моето прашање .Одговорот беше дека е одлично и нема ништо. За цена ми вели ќе се договориме. Добро велам ќе дојдам повеќе за еден пријател да го гледа пунтото па ќе видам и друго
Таман работа за грепки не правам проблем и не сум манџија, нормално половна си е половна кола.
Но под половна добра кола не разбирам удрена кола,кола која нема линија, кола со 2-3 сменети стакла, коли кои ми крцкаат и чурат.
Колата при возење крцка и вади некои тапи звуци од каросерија. Еден продавач вели треба да се смени стабилизатор кој чини 20 евра.
Јас знаеш што им велам на таквите. Бидејќи гледам дека имаш повеќе време од мене еве ти 50 евра за стабилизаторот и задржи си 30 евра за тебе и за изгубеното време. Кај сакаш менувај го,но колата да е со отклонет проблем.
И одма ама знаеш ако испадне нешто друго ми вели......МОЛАМ епа тоа е проблемот. Значи не е стабилизаторче работава.
Е тоа е лага бидејќи он посочува едно ,а знае или ајде да речеме претпоставува дека е тоа
Е сега знаеш која е работата тука. Дали јас или било кој друг нормален треба да ја земе така колата и ако не е стабилизатор да почне едно по едно да менува па цело подвозје да го менува додека не го отклони проблемот
3000-4000,а богами гледам и коли од 20000 евра со такви проблеми.
Сори но на крај секој си има свои барања.На некој и не му е проблем да крцка и тропка колата, ако напред има знак ауди или бмв или ако ја зема колата 100-200 па и 500 евра подолу.
Мене ми смета бидејќи на дедо ми југото кое е 90 година не крцка и не тропка а не вреди повеќе од 300-500 евра
Вујково пак има џип лендровер џип од 70тите години на кој сите стакла му се исти. А каде само не поминал.И по ридови и по планини. Значи 40 години со исти стакла.
Е сега што му се случило на пунтото што во 8 години има 6 различни стакла.Еве едно да му прснало(мада и ова ми е необјасниво,како прскаат стакла)
Али со другите 5 што се случило. Што би направил ти кога во тие 30 секунди ќе видиш кола со 6 различни стакла од 8 вкупно. Би продолжил ли да ја гледаш колата,или би се ценкал да ти пушти 200 евра за да ја земеш

??
фарбан браник или грепки не се рачунаат,има некои и ги погодуваат боите па не ни познаваме при купување,но промашена боја ми смета искрено бидејќи колата ми е ромска и веднаш би го сменил.