TOYOTA RAV 4 2.0 TDI 4X4 - 2003
Цена: 6.299 €
http://reklama5.mk/AdDetails/Index?ad=1491793
Патем, има искуство некој со Интегра Моторс?
Многу се скржави за фотографии, повеќето коли имаат едвај по една слика од внатрешност.
Интегра ги има на едно место најѓубре отпадот од Запад.
На плац во моментов од 50 коли(на тепка мавам ова) кладба ставам дека нема 2 коли како што треба
Отпад од невидени размери.Последниот пат кога бев имаше едно Гранде Пунто и еден Голф 5 1.9 тди кои е важно да се напоменат.
За пример на пунтото хауба предна фарбана,но ако е некој лаик тешко и да примети ,и пази ова oд 8 стакла имаше вкупно 6 стакла со различни години,седиште крпено со конци
Се уште негледајќи дојде еден и не убедуваше дека стаклата немале врска.Такви имал Фиат и такви ставил

Сирото пунто ми падна жал што доживело а е старо само 8 години

Golfot пак 1.9 имаше една цела линија на кров која ја префарбувал со четка али само линијата.Напред кај хауба различни штрафови и заден барник некако стегнат со нитни и на лупање со рака цел се тресе.ОВа се прави додека да му се бутне на некој,па на купецот по пат веројатно ќе му испаднат и делови.
Јас конкретно бев за едно Берлинго 1.6 хди.Ни велеше ценава ви е безпари.Видете на оглас најевтино му било.Велам најевтино ти е дека ти е од берлингата произведени во Турција.Француските се поскапи друже. Ама нема врска вели. Не е ова турско.Ај велам нема разбирање. На времето се расправав кога и се докажував со луѓето дека во ауди а6 2.5тди моторот е тешко ѓубре и дека е далеку од 1.9тди,но некој кога си е инает и решен да купи што сакаш збори.Вака се зезна еден колега од работа кој тогаш си зема ауди а6 2.5 2002 година од Интегра пред веќе 5-6 години убеден дека го направил правиот избор,иако му велев не не не.Јас велам не,продавачот тогаш го испофали моторот дека бил еден од најпогодените и колегава запален по " одличната " цена го игнорира мојот совет и си го зема.За проблеми нема да зборам колку пари даде и колку го фати и на крај едвај го откачи се средено.
Али тоа е изгледа тактика.Најди лоши коли со лоши моделски мотори или други мани и чекај аматери луѓе.Истите финти ги прават и денеска.Турското го прават француско, потоа италијаните немале стакла па ставиле 6 различни и што уште не. Како да е Фиат од Шутка,а не фабрика.
Да се вратам на мислењето.Кога сме веќе таму разгледавме и по другите коли.Од сите коли на плацот(а ги имаше околу 50 сигурно) само една беше со исти стакла . Другото се беше со најмалку едно-две стакла сменети и повеќето коли со видливи знаци на изабеност преискористеност.
Со еден збор Интегра,потоа Сарај спроти Макпетрол и еден плац на влез во Скопје после надвозникот во Сингелиќ веќе мислам и традиција им е да носат најѓубре коли од кои човек занемува.
Овие во Сингелиќ иако носат страшно леви коли, сепак намалуваат цени па на крај што се вели нема да ти го удри цел пен*с туку само половина.Како и да е удрен ќе ти биде дефинитивно.
На овие три плаца.Кога би влегол и би им рекол.Дајте ми една кола која е стварно ок(не е удирана,фарбана и со исти стакла)да е малку од малку саглам верувам дека не би имале избор што да понудат од толку многу коли.
А 100 коли се во прашање минимум на трите плаца.
Туку да ми каже некој како се става слика.Имам нешто интересно да поставам,за веројатно идно возило кое ќе се најде на нашиве плацеви.