Ставив плин кај еден од најпопуларните плинари во МК, чие име нема да го спомнам, бидејќи не сакам да правам (анти) реклама. Секвенционален, со дизни, да не речам ист како на Џиџи:
-Снагата во горните вртежи ја снема. Над 4000рпм тешко одеше.
-Потрошувачката рипна со 2 литри.
-Се слушаше ситно тропкање во моторот, исто како во ладата на плин пред 20 години, оној легендарен плински звук на чукање на вентили.
-Еднаш во 2недели чек енџин, па назад кај плинарите, оние нешто подесуваат прештелуваат и така до наредниот чек енџин.
-секоја тура на плин со различна потрошувачка, со различна снага на моторот.
Каков секундарен плин со дизни, какви бакрачи, од плинот никогаш нема да биде кола, пред се затоа што нема ниту стандард за плинот, секоја плинска станица е приказна за себе. Ќе го наштеловаат за еден плин, наполни нова боца, моторот друго кажува. Треба сам да си произведувам плин, па ќе можам да имам контрола на квалитетот на плинот.
-позитива: евтино се вози.
Заклучок: следно пробување на плин по 10тина години.