Без разлика на пазарот и пакетот од опрема задните светла секаде се со иста форма. Исто и за внатрешноста, во Фејслифт верзијата едноставно е различна внатрешноста. Почнувајќи од воланите кој може да бидат само вакви. Неможе ФЛ Верзијата да има ист волан како што има и мојата кола.


Потоа разлика е поклопецот за СД Картички кој што се наоѓа под ЦД шаржерот, кај ФЛ верзијата тој секогаш е во Пиано финиш, кај пре ФЛ не е. Потоа има разлика во регулаторите за климата. На сите ФЛ Верзии со трозонска клима регулаторите за климата се со боја на брусен алуминиум и никако друго, кај пре ФЛ верзиите тие се од црна пластика. Потоа џоистиокот за ММИ исто така е различен, а поприметлива разлика се четритие копчиња до ММИ џоистикот кои кај ФЛ се со Брусен алуминиум финиш, а пред тоа црни. Огромна разлика исто така е и рачката на автоматскиот менувач која што е апла различна кај ФЛ и пред ФЛ Верзиите. Потоа различни се и палките што се зад воланот. Заднине светла се апла различни, кај пре ФЛ верзиите има јасна бела лента на задните штопови, кај ФЛ Верзиите нема. Тркалцата за пуштање и гасење на дувалките за воздух се различни.... Значи постојат многу разлики разлика што врска немаат со нивото на опрема. Едноставно некој треба да има многу пари, да е слеп и да ги има добиено париве на Бинго за да му ги дае на Авто Морал при денешниве интернети. Ако фанам да пишувам има уште разлики ама ме мрзи.