http://kleinanzeigen.ebay.de/anzeigen/s-anzeige/merzedes-benz-e200-eleganz-diesel-in-sehr-guten-zustand/281981827-216-2077
Мечка дизел. Ќе му олупат фолиите, ќе му претапацираат воланот, ќе му вратат километрите, и оп екстра понуда.
Екстра понуда со повеќе од пола милион поминати километри. Ти си нездрав човече тотално...
Пол Роше логика имам. Ако нешто ќе му се случи на тој мотор првите 500 000, ќе му се случи. Ако не, ќе тера до 2-3 милиони.

Како што кажа дер Штрумпф, иронија беше.

После конвертирање од германски на балкански тоа се, не повеќе од 190,000 км.
Башка то, баг имало на вебот на реклама5 и не постирало оглас со над 200,000км.
Да знаеш какво дежаву ми се има случено, нема да веруваш. Редовно гледам на интернет возила, чат пат идам по плацеви со точак, за да разгледувам. Не сум купувач, ама така имам мерак да гледам што се случува од прилика на авто-пазарот. И така шеткам и гледам едно Мондео тдди со некои си 350+ илјади километри. Во око ми паднаа циганските афтер маркет фарови, напред и назад (овие што се со прозирно стакло, лажниот хром, и кружните обоени нешта внатре) и квази хромираната афтермаркет топка на менувач. Нит беше перена, нит полирана, абе се знае, евтина извртена кола што се продава на килограм.
И после некој месец си одам на викенд во Македонија. Еден комшија сакаше да си купува кола (е46ка) и вика ај со мене, како бмв ентузијаст да се прошетаме по плацевите низ Радовиш/Струмица/Дабиле да видиме што има што нема. И гледаме што гледаме по плацевите, на влезот во Струмица на плацот што е до бензинска Тритерол, гледам јас едно сиво Мондео, ми изгледа познато. И се врткам околу него како куче, гледај гуми, фарови, внатрешност, надворешност, менувач. Едвај ја познав. Исполирана, исчистена, дотерана, моторот под хауба светнат, пицната, вратени километрите. Абе тип топ.
Нит се расправав, нит се расправам, нит пак конфронтирав некој за тоа што го видов. Едноставно ме изеде туѓ срам заради измамата.