Убаво разгледајте ги колите кај кочанчанецот, како и огласите на мобиле.де.
Нема да коментирам само ке го кажам моето искуство, во текот на потрагата на кола.
На оглас во европа често излегуваат коли кои се продаваат со багатела цена само за експорт. Тие коли, се во топ состојба (како и 90% од германските, кои се возен од од приватни лица, а не ебавани во фирма) навидум перфект сочувани како внатре така и надвор.
Но, погледни сервисна, за година и пол се направиле над 100Ккм, последен сервис да речеме на 130ккм, арно ама, со да датум скоро година уназад. Колата на огласот е со 140ккм.
Таа кола сигурно нема 140, и сигурно нема да има ефтина цена, и сигурно една година нема да седи без ниедна посета на официјален сервис.
После тој сервис на 130ккм ги возат уште бајаги но сервис во неофицијални или којазнае каде, како би сервисна останала со таа километража, а воедно и датабаза на ФВ. Со цел, повисока цена и побрзо да се продаде возило.
Има многу возила со последен сервис рецимо 120/140ккм а на табла 199ккм, период после последен сервис секако близу година.
Таквите коли се носат тука, се враќаат на 20/10/5ккм после последниот заверен у сервисна и датабаза на фб и се продаваат како такви, со наводно реална километража. Секако реална на прв поглед.
Колите пред да дојдат на плац и пред да излезат на оглас се средуваат. Значи браници ентериер мотор, оние ситници кои би го одвлечиле купецот, но не и замаец потисна, турбо, ланци итн.
Имав искуство со голф 6, 20тди 110кс, со 130ккм, замаец друглагер сигурно беше при крај, а германија со тој стил на вожња и толку многу отворена вожња, незнам дали е релано на тие км да е замаец потисна при крај. Колата се продаде, после 3 месеци па излезе на оглас, па се продаде, после месец па на оглас, и може уште се врти по огласи, сив голф 6 комфорт 20 110ка, сива боја, последно Велес беше.
Значи има некоја игра како би имал такви коли со такви цени. Германец не ти дава убава кола со малце км за џабе.
Слободно пратете autohus.de колку влијае километражата, опремата состојбата на цена.
Бев во реонот на Хановер, Хамбург, лично се уверив колку кошта чиста кола со реална километража па макар и 120ккм оригинал, а колку онаа со 350/400ккм и над тоа. Впрочем такви и се многу ретки, со оглед што поновите ги лапаат нашите, србиве, бугар, литванци итн, како би се пласирале на пазари како нашите со соодветни первари.
Германец не ја купува таа макар и багатела цена, оти знаеме колку кошта влез во официјален сервис, и редовен сервис како што налага фВ ауди или кој бил друг бренд.
Од кочани има позитивни купци, кои до ден денес си возат, но секој со среќата.
Не е исто да купуваш мал мотор и голем мотор со над 300/400ккм.
Пред да се купува, убаво прегледајте ја кола, никој мајстор ни Порше Скопје неможе да ја каже и утврди деталната состојба.
Повеќе од месец-два бидете сигурни дека Германија не стои да се продава. Секои 2 недели од прилика прават корекции на цени најчесто.
Марјанот, на таа кола грубо удри 8-10ккм месечно ако доаѓа од германија. Ретко кој вози 2ккм месечно а купува таква кола, со скапо осигурање.
hint. Ваљда некој заприметил како продаваше коли до пред година, а како продава сега кочанчанецо, доколку огласите се мерило.