Едно возење со Хидраулика и после ќе купуваш нови столици по дома.
Хидраулична суспензија е супер. Кога работи. А ти се скине цревце,откаже спојка некаква, заебе пумпа или бомба си го јадел сосе ј***а.
Никогаш повеќе не би хидраулика. Никогаш.
Aj podetalno ...sto si vozel...sto se slucilo...kolku te kostalo...
C6 mi e veke na affordable wish list.
Сакаш подетално? Еве ти подетално.
40 години имавме Цитроени. Последните два беа со хидраулика. Едниот беше Citroen GS Pallas кој татко ми го продаде 17 години стар без ниту една гребнатина и човекот што го купи го упропасти за 6 месеци. Нула проблеми со хидрауликата.
Вториот беше Citroen Xantia. Колата на моето детство и мојата прва автомобилска љубов. Кола што ниту еднаш не видела официјален сервис бидејќи беше увезена нова од Турција. Цело време додека беше кај нас (12+ години) беше носена кај Мајстор Дич во Радишани, човекот што е закон, устав и преамбула за Цитроени и нивната хидраулика во Македонија. Он е сега веќе стар човек, ама работата (квалитетно, колку што знам) ја продолжија неговите синови. Колата си истера околу 130.000 километри (додека беше кај нас) со нула проблеми со хидрауликата. Колку што знам, колата уште се тркала низ градов.
Како и кај сите други коли, и кај Цитроен суспензијата си бара внимание. Океј, можеби бара малку повеќе внимание, но сепак, не е нешто страшно. На одредени временски интервали се репарираат (повторно се полнат) резевоарите за хидраулична течност (што ги викаат „бомби“) и на одреден временски интервал си бараат менување. Во Скопје се скапи, во Солун се значително поевтини (околу 50 евра комад за Ксантијата, има 5 комада, кај поновите можеби има повеќе).
Тие хорор-причи.. Колку сакаш можам да ти наведам и за пропадната суспензија кај обични коли... Да, системот си бара проверување и одржување. Како и суспензијата кај секоја друга кола. Начекај пазена Ц6-ка и немаш гајле.