
Мора малце. Како почнавте како цела кола дефект да е кога ќе ја купите. 
Па кола која нормално се продава за минимум 5000+ евра а ние сакаме за третина цена да ја купиме, нопрмално дека ќе е додркана. Кола од 1800+ килограми, колку пари сакаш да е амортизер за неа? Дискови? Нешто треба да го застане тоа... Среќа постарите ЈТД и 1,9 и 2,4 ги имаат истите каиши и затегачи

На Либрата ги наполнив амортизерите во Авто-мобил Скопје сите 4 за 8000 денара со попуст.
5000 денара Ремса плочки предни и задни.
ЛУК ламела, потисна и друк лагер = 13,500 денара + 2500 за рака + 1500 за уље во менувач.
2 гуми Фулда 205/60/15 = 9000 денара, скоро нови исти други 2 за 3700 денара ги начекав.
Клизачи и каиши и работна рака без водна пумпа 9100 денара.
И сево ова е една од најевтините варијанти за одржување...
Волво, држи малку вода, и јас пензионерски ја имам спуштено под 5л ама во тој случај не возиш 5 цилиндра 2,4, возиш 1,0цц.
Мене под 8,5 во град ми нема потрошено, зимно време и до 10л оди но кај нас тешко трета да ставиш, стисни-прдни е возењето. Среќа јас во град мразам да возам... Комбинирано пак ми нема над 7/7,2 потрошено како и да ја возам, зборам Плетвар со 140-170 да го качуваш и од кривина до кривина од 60 до 140 да си играш... Троши колку ти што бараш да троши, јас сум презадоволен.
Сега да го подсредам повозјето и супер ќе е
