Автор Тема: Интересни понуди на користени возила.  (Прочитано 4566490 пати)

Присутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #8175 на: 11 Октомври 2014, 15:22:35 pm »
;D

Мора малце. Како почнавте како цела кола дефект да е кога ќе ја купите. :D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #8176 на: 11 Октомври 2014, 15:41:42 pm »
Јас го пишав само песимистичкото сценарио, кое излегува реално откога нашиве купувачи ќе се залетаат по "ниската" цена.
Нормално списокот се намалува во зависност од тоа колку си внимателен...

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #8177 на: 11 Октомври 2014, 15:51:24 pm »
Без разлика... Еве, јас на пример, првата и втората година дадов најмалку пари за одржување. Зошто беше релативно ново возило. Потоа почнаа нови гуми, задни амортизери, спони, гумици, кочници, ремени, ламели... И тоа редовно одржување. Другово што си се моите циркуси, башка есап... :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 355
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #8178 на: 11 Октомври 2014, 18:49:36 pm »
Затоа што е 1,4 и е тромав мотор за таа тежина на кола.

Peugeot 407, 2.7HDI, со соодветни седишта!
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1371583

Lancia Thesis, 2.4JTD, се е соодветно тука  8)
http://www.pazar3.mk/mk/Listing/AdDetail/Index/1368436-LANCIA-THESIS-2-4-jtd-175ks--04

Ланчата и не е баш ефтина..2004 се наоѓа за помалку пари.
Не е евтина но кај евтините треба 2000 евра за сервис да дадеш и пак тука некаде. Подобро добро исценкај се за поскапата.
Ги има и по 1500 евра, тука донесена на странски табли 2500 евра ама кокошарници. Полтрона Фрау не треба да личи на кокошарник  ;)

Еден скопјанец продава 2,4јтд и се фали на отворено трошела 4,7л ама не знам како ја вози угасена, ризик е за кочници и волан  ;D

Искрено и не е далеку од вистина. Јас имам доаѓано со пријател од Италија со ваква 2.4 со 150кс и потроши околку 5л,, а возење 150 просек. Бев многу пријатно изненаден за потрошувачката. Инаку опремата и луксузот се на високо ниво. Во тоа време имав МЛ 270 и во опрема беше шпорет за ова, башка што трошеше околу 10л на просек 130 брзина.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #8179 на: 11 Октомври 2014, 19:51:19 pm »
;D

Мора малце. Како почнавте како цела кола дефект да е кога ќе ја купите. :D
Па кола која нормално се продава за минимум 5000+ евра а ние сакаме за третина цена да ја купиме, нопрмално дека ќе е додркана. Кола од 1800+ килограми, колку пари сакаш да е амортизер за неа? Дискови? Нешто треба да го застане тоа... Среќа постарите ЈТД и 1,9 и 2,4 ги имаат истите каиши и затегачи ;)

На Либрата ги наполнив амортизерите во Авто-мобил Скопје сите 4 за 8000 денара со попуст.
5000 денара Ремса плочки предни и задни.
ЛУК ламела, потисна и друк лагер = 13,500 денара + 2500 за рака + 1500 за уље во менувач.
2 гуми Фулда 205/60/15 = 9000 денара, скоро нови исти други 2 за 3700 денара ги начекав.
Клизачи и каиши и работна рака без водна пумпа 9100 денара.

И сево ова е една од најевтините варијанти за одржување...
 

Волво, држи малку вода, и јас пензионерски ја имам спуштено под 5л ама во тој случај не возиш 5 цилиндра 2,4, возиш 1,0цц.
Мене под 8,5 во град ми нема потрошено, зимно време и до 10л оди но кај нас тешко трета да ставиш, стисни-прдни е возењето. Среќа јас во град мразам да возам... Комбинирано пак ми нема над 7/7,2 потрошено како и да ја возам, зборам Плетвар со 140-170 да го качуваш и од кривина до кривина од 60 до 140 да си играш... Троши колку ти што бараш да троши, јас сум презадоволен.

Сега да го подсредам повозјето и супер ќе е ;)

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #8180 на: 11 Октомври 2014, 21:39:20 pm »
Па ако купиш кола на која се дотраени:

1. Гумите
2. Амортизерите
3. Дискови+плочки
4. Суспензијата
5. Ребрасти+водна пумпа
6. Редовен сервис
7. Хемиско
8. Сет ламела (+ евентуално ДМФ)
9. Исправање бандажи
10. Центрирање
11. ...


u get the point right ;)

Ретко кој го предвидува и ова.


1000 евра преку сила.

Кај мене плин, гуми 16ки и свекици 1000че.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #8181 на: 11 Октомври 2014, 22:07:23 pm »
Ретко кој го предвидува и ова.

Го предвидуваат, само менталитетот на нашиот македонски народ е, крпи терај додека тера. Глава ке дадам дека кај најголемиот дел од сопствениците на возилата, за амортизери, дискови и бандажи нема ни да им текне да менуваат иако би биле за менување.
И ламелата, ке ја возат се додека и на рамно не почне да шлајфува и кога ке ја менуваат, ке отидат кај некој локалец, ке ја нитуваат и пак ке ја вратат назад и ке речат бреее за 1000 денари ја нитовав ламелата, ке возам уште 100 000 км, а замаецот, потисната тоа не влегува во репер, тие делови не страдаат по дефолт за нашиот македонски народ.
Гуми да не збориме, се додека не се направат сликови и не истераат најмалку 15 години еден сет нема менување.

Отсутен Шугер

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 7
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #8182 на: 11 Октомври 2014, 23:33:48 pm »
Некој да ми препорача добра Бмв х5 2002-2004 3.0д  ?
 афтоматик исклучиво
! Шугер !

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9200
  • Аstra la vista baby !
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #8183 на: 12 Октомври 2014, 18:50:12 pm »

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #8184 на: 12 Октомври 2014, 19:21:49 pm »

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2735
  • Шалабајзер
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #8185 на: 12 Октомври 2014, 20:24:36 pm »
кабрио алфиче за ич пари http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1291591


EDIT: Симо лапај 159-че за 60 денари :D http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1367228 :D
No turbo, no fun :)

Присутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #8186 на: 12 Октомври 2014, 20:27:31 pm »
Интересно е што нема ниедна слика со кренат покрив.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2735
  • Шалабајзер
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #8187 на: 13 Октомври 2014, 02:23:56 am »
Викаш да не функционира ?

Се глеа дека набрзинка е сликана, али ваљда не е до толку да не каже дека е рикната електрониката(ако е електронски кревањето/спуштањето)
No turbo, no fun :)

Присутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #8188 на: 13 Октомври 2014, 02:26:40 am »
Можеби е оштетен, не мора да е дефект. А можеби и ништо не му е. Секогаш ми е сомнително кога кабрио е сликан само со спуштен или само со дигнат кров.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2735
  • Шалабајзер
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #8189 на: 13 Октомври 2014, 02:44:45 am »
Шо му е*еш матер, и онака ќе се вози само летно време со спуштен кров, нека глеа гепекот каков е кровот :)


Осеќам овој за 2к ако не и малце помалце од 2к ќе ја даде, одлична понуда е ова, да имав можност јас би ја лапнал :)
No turbo, no fun :)