Освен Роци што ми го препорача БМВ-во некој друг да не знае нешто ?
http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=712735
БМВ 118d
Јас незнам ништо за колава освен што го приметив следново од третата слика од огласот:
- Резервоар околу 1/3 гориво од 51л -> 17 л преостанато гориво
- на бордот е прикажана проценетата колиметража со преостанатото гориво од 186 км
Тоа значи дека последните 30 км просечната потрошувачка била околу 9 л/100.
Тоа е висока потрошувачка за овој мотор, дури и за константен локал, освен ако е работено во место подолго време.
Само изнесувам мислење врз факти од слика и никако не треба да се земат како заклучоци за дефект или проблем.
Целта ми беше само да потенцирам на единственото нешто кое можам од слика без познавање на возилото во живо.

Инаку, моторот е супер и уште повеќе ги изразува динамичките караkтеристики на колата:
- 2000 см
3- 105 KW -> 143 KS / 4000 0/min
- 300 Nm / 2000 0/min
Ако нема скриени мани и ако цената е коректна, сигурно долго време ќе уживаш во задоволството кое ќе ти го пружи.