Види сеааа.. има спас за моторот.. Ама има доста ред флегс, премногу за да кажам дека е булитпруф. Треба озбилно човек да се потруди да го среди по желба. Можеби повеќќе треба да се бира по година, да се избегнуваат првенствено пред 2019-та. Ама и тоа не е гаранција дека нема да се сјебе нешто. 150кс моторите се помалку комплицирани, пошто имаат само воздушно ладење на интеркулерот, овие посилните имаат водено, има само еден ЕГР, за разлика од посилните со два егр вентили (hi/lo pressure egr), така да помалку работи за решавање, ама основните фаљинки како разлабавен плејт на уљна пумпа, low pressure на уље на ниски вртежи, гумица на оил пикап тјуб, центрифугален уљен сепаратор, краток самоодвртувачки штраф на балансер вратилото, и уште некои „аматерски“ проблеми, може да доведат до тотален моторшаде. Е сеаа, да купев една нова, одма ќе ги адресирав проблемите уште на 0 километри, за сите овие има решение, ама ако купам некоја со 200.000+ (180.000 реални свеж увоз цхцх), не би му верувал на тој мотор (барем додека не го растурам у полу-ремонт).
Со други зборови, толку лош дизел одамна немале Alfa