Другар, уште еднаш ти се уфрлувам само со добра намера, да ти ги отворам очите.Бидејки се пронајдов во твоите зборови.
Те разбирам што збориш, и искрено – се соочувам со тебе. Ова низ што ти сега размислуваш, јас одамна сум го поминал. И пател сум од такви одлуки.
Ајде да расчистиме една работа:
Ако возиш по планински предели, па макар и еднаш неделно, ти треба возило спремно преку цела година – не само за асфалт.
Лада Нива? Дачиа Дастер? Отпиши ги.
Немаат ниту конструкција, ниту намена за тоа што ти треба. Не се направени да издржуваат редовно возење по 20–30 километри надвор од асфалт. Ќе почнат да се "распаѓаат", ќе бидеш редовен гостин во сервис, а тоа значи фрлени пари.
Ти треба сериозно теренско возило, кое нема да подлегнува на секојдневни поправки.
Реалниот избор се сведува на:
Сузуки Џимни – најефтината и најпрактична опција. Компактен, силен, докажан.
Ленд Ровер Дефендер – вистинско теренско возило, ама прескапо за мнозинството.
Џип Вранглер – одличен избор, ама и со висока цена на одржување и купување.
Ако ти паѓаат на памет Ленд Крузер или Нисан Патрол – заборави.
Овде кај нас достапни се само многу стари примероци – 20+ години, Еуро 3, и цените им се над 20.000 евра. За толку стари возила – не вреди.
Нисан Терано? Исто така – старо, изморено, и реално – непрактично.
Тојота Хајлукс? Да, супер е, но цената ѝ е „мрсна“. И тоа отпаѓа.
Се што е старо – ќе ти влече пари за поправки.
А сите знаеме какви се теренските возила во Македонија – измалтретирани, нерегуларно сервисирани и скапи за одржување.
Мој најдобар и најискрен совет: Не се играј. Не си ги фрлај парите безвезе.
Ако немаш барем еден стабилен буџет за ново или проверено возило – подобро чекај, штеди, и земи нешто што стварно ќе ти служи.
Јас така направив – стегнав душа и си купив Џимни. Алал пари,вистински теренц во секој поглед пиши ми ако сакаш ке се провозиме.Фантастичен пренос буквално кога ке одстапи од асфалт е прав прав теренец тоа е уметност како е се тоа средено се,вклучување на шпер без волан тоа не знам нијас како да се изразам 4х4,едно во воздух тркало друго надава па го сагиња ,2х,4х,моторно кочење на удолнина,шасија не се осеќа дека е по ровови или нерамнини и да не набројувам.Кога ке направам разлика од други теренски возила кои поминале низ рака тоа е исто како да речам мерцедес s класа и донгфенг ете тоа е разлика некоја ...
Возам без проблем, знам што имам под нога, и не мислам на сервиси на секој чекор