Автор Тема: Интересни понуди на користени возила.  (Прочитано 4181511 пати)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7320
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28740 на: 21 Јануари 2025, 11:07:55 am »
What has been seen...




Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17573
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28741 на: 21 Јануари 2025, 11:10:55 am »
Од фабрика ако излегло вакво, Ауди ќе затвореше фабрики додека не ги најде и отпушти работниците.



Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 908
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28744 на: 21 Јануари 2025, 13:22:50 pm »
Киа Стингер 2.2 дизел 4х4

https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=5238274

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7112
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28745 на: 21 Јануари 2025, 17:54:40 pm »


Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 465
  • The best or nothing.
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28747 на: 21 Јануари 2025, 21:47:33 pm »
https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=5258054

Fiat Bravo 1.4 t-jet

@FiLo го бива ли? Некако многу ниска ценава, во споредба со други "брацовци" и тоа со повисока км.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14360
  • Пудингот на шоферството
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28748 на: 21 Јануари 2025, 21:49:21 pm »
Со 3.3 370кс е одлична.И не знам зошто ама ептен ми се црти низ глава,дури си велам да го менувам Мерцедесот за ваква.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6649
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28749 на: 21 Јануари 2025, 23:30:08 pm »
https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=5258054

Fiat Bravo 1.4 t-jet

@FiLo го бива ли? Некако многу ниска ценава, во споредба со други "брацовци" и тоа со повисока км.

Треба да се проба, вака делува океј.
Лакот и кај мене има места кај што си беше излупен, јбг ако тоа не ти смета.

Гледам оти не е климатроник, така да спас од мотори, клапни итн оти кај мене е климатроник, беше отиден и поправката ме чинеше 17 500 бидејки имав и моторче за замена. Иначе чини 12 000 само ако се механизми.

Е сега единствено да се внимава на ова возило е менувачот и сетот ламела оти е со варијабилен замаец.
Кај мене сетот ламела сосе замаец е сменет од претохдниот газда, а менувачот јас го сменив, еве пу пу да не урочам сегашниов си тера. Си има и цаки како да се користи тој менувач за да истера подолго, во смисла менување масло на мах 50 000 км, досипување барем 300 мл повеќе од пропишаната количина, да биде според точна спецификација и да е квалитетно и никако забрзување во 5та и 6та на ниски вртежи.
По нагорнини, особено превои иако има сила и во 6та, сега со новиов менувач го држам 5та, а негде вракам и 4та само да не ги оптеретувам 5та и 6та оти фактички прво нешто што страда кај М32 менувачот се лагерите на 5та и 6та.

За маслото и јас го користев Селенијата два сервисни интервали, ама овој пат ке идам на Мотул оти Селенијата некако не ми е баш оти пред селенијата ставав 77лубрикант и само литро од замена до замена досипував (на 10 000 го менувам). Со селенијата во двата сервисни интервали досипував по 2 литри, а не е ефтино.

Јас плин немам, кај мене потрошувачката е 9-11 литри бензин градско возење, отворен пат е 7-9 литри.
Комбинирано секогаш ми е околу 8.5 просекот, реално не очекувај економичност.

За одржување реално не е нешто скапо. Пример комплет чаури му сменив, ме чинеа само 1700 денари.
Комплет дискови сосе плочки и глицерин 10 000.
Ребраст сосе водна марка ИНА ме чинеше 5700.
Цениве се само на деловите, без работна рака од мајстор.

Ама како што гледам, иста висина е и како кај мене и верувај имам мака, скоро насекаде си факаат пластиките.
Качување на тротоари ми е смрт, скоро и да нема тротоар а да не ми потфати доле виљушата каде што е заштрафена големата чаура.
Го имам научено, ама не секогаш па го факам убаво аголот, ама затоа полека ;D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17573
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28750 на: 21 Јануари 2025, 23:46:47 pm »
Тестирај го само менувачот, да не се залеташ да се фокусираш на лакот што се лупи, па да промашиш поскапа инвестиција.

Цената е грабај и бегај, и расипана да е, ќе ја извозиш година дена додека и трае регистрацијата и ќе се шитне без многу загуба.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 465
  • The best or nothing.
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28751 на: 22 Јануари 2025, 00:12:12 am »
Многу бе некако 10л потрошувачка. Не знам од каде ми е мене дека 7,5 троши град, па додавам литро плин, и викам 9л плин, што е екстра.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17573
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28752 на: 22 Јануари 2025, 00:28:46 am »
7.5 за бензинец со port injection и турбо е теоретски невозможна бројка.

И на Симо, и моето МиТо, полесни коли со 6 и 5 брзини, се 8.5/9.5 градска.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 465
  • The best or nothing.
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28753 на: 22 Јануари 2025, 00:43:32 am »
@Simo - Carrier159 а колку ти троши 159-ката во град. (знам дека зависи од гужва, викенд, ама чисто некој просек)
Ќе помисли човек, мито е мала кола, оно танкер не му е рамен.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6649
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28754 на: 22 Јануари 2025, 01:18:31 am »
Реално тешка кола е. Башка таа потрошувачка што ти ја споделувам е постојано со клима летен период.
По спецификација е 1300 кг, мене на технички постојано ми го впишуваат 1484 кг дека тежи на извештајот.

Точно на 120 км/ч троши 7.5 на 100.
Најниско ми е на оној тестот на обиколница, 5.5 потрошувачка во 6та на 2000 вртежи и 80 км/ч возење, ама ногата пердув.
Во реално возење испод 6.5 тешко на отворено.
Градска под 9 литри само ако возиш во места каде што нема многу семафори и тргни застани.