Автор Тема: Интересни понуди на користени возила.  (Прочитано 4026152 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29588
    • CARclub.mk
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28440 на: 31 Октомври 2024, 07:56:18 am »
Не ми го извртувај муабетот плуз. Не за Корса од 2016. Не за никакво половно возило - тоа отвара огромен простор за манипулации и злоупотреба. Ново. Наместо Корса од 2016, нов Citroen C3. И така натака. Ако ништо друго, со ваучерот и некаков личен влог, ќе имаш за учество, па остатокот терај го на рати.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3717
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28441 на: 31 Октомври 2024, 07:59:58 am »
Мислам сме единствената земја во регионот која не нуди субвенции за купување на електрични возила.

Случајно разговарав со еден функционер во ЕЛЕМ на темата и причината била едноставна. Наводно, ако се увезеле многу електрични возила, тоа биле големи потрошачи, а нашиот систем физички не можел да постигне и ќе колабирал. Увезуваме јаглен од Грција за РЕК Битола, мазутот е скап за Неготино, итн.

На темата нови/понови возила и увоз, Македончето ќе увезе 2 коли за дома, понови, ќе скрпи кредит, ама старата кола не ја фрла во отпад.

Убаво кажа класниот. Имаш кола постара од 2010? Еве ти 3000 евра од државата, да биде ставена на преса и со тој ваучер купи си Опел Корса ама од 2016, притоа Корсата да ги задоволи сите стандарди на издувни гасови (не само CO2) и да биде навистина технички исправна. Да си има правилнил како во Англија да речеме и си одиш по список што е како е на возилото и со препорака или "паѓаш".
Тоа да е јавно достапно, исто како во Англија, преку регистарска табличка.

Има начини како сѐ да се подобри, ама корупцијата ни ја плачи мајката. Сеа ова го прават заради локалните избори да се ќари уште некоја општина плус.


Како не нудиме кога BEVs се ослободени од ДМВ,  што е субвенција од неколку илјади евра.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3413
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28442 на: 31 Октомври 2024, 08:28:05 am »
Ви читам и се чудам.
Пола од населението нема кров над глава, едвај врзува крај со крај, во кредити за станови длабоко завлезени, итн., вие зборите за ваучери за да фрли старо возило и да купи ново.
Крвна слика одам да правам, од 5 пати, 6 пати ми продупчува вена, вие за обнова на возен парк зборувате...

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29588
    • CARclub.mk
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28443 на: 31 Октомври 2024, 08:33:38 am »
Еден проблем не исклучува друг. Плус, ова е форум за коли, очекувано е за тоа да праиме муабет. :)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3413
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28444 на: 31 Октомври 2024, 08:35:06 am »
Еден проблем не исклучува друг. Плус, ова е форум за коли, очекувано е за тоа да праиме муабет. :)

Да де, јасно дека за тоа ќе правиме муабет, зборот ми беше трули сме на многу побитни фронтови што сметам/е дека се побитни од обнова на возниот парк.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 195
  • Macedonia
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28445 на: 31 Октомври 2024, 10:48:56 am »
Не треба да се дава субвенција за никој и за ништо без разлика дали станува збор за било каков еуро стандард, хибрид или целосно електрично возило, тоа е чист популизам. Треба да се направи законите да функционираат и можеби преку легислатива и намалување на даноци некако да се олабави цената на понудените возила ако е возможно.
Државата нема потреба да му купува или субвенционира некому лично возило.
Сметам дека ова важи и за другите гранки во стопанството, а тоа што не можеме ние никако поинаку да функционираме е друга и опширна тема за дискусија.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4189
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28446 на: 31 Октомври 2024, 12:23:31 pm »
Имаше во Германија субвенции за електрични (и хибрид) возила, можеби и сеуште има, не сум проверил, пошто не ме интересираат. Ваљда целта беше стимулација за побрз премин кон електрични возила.
На темата поефтин увоз на стари возила, очигледно е дека мнозинството не сака на подобро да иде, па гласа за двете (трите) опции на избори и решенијата после што ги носи тој што ќе победи се тие, никакви и за поенчиња само.

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1872
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13832
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28448 на: 01 Ноември 2024, 09:37:20 am »
Не ми го извртувај муабетот плуз. Не за Корса од 2016. Не за никакво половно возило - тоа отвара огромен простор за манипулации и злоупотреба. Ново. Наместо Корса од 2016, нов Citroen C3. И така натака. Ако ништо друго, со ваучерот и некаков личен влог, ќе имаш за учество, па остатокот терај го на рати.

За жал ја немаме таа моќ. Тој што има кола пред 2010 година, мала е веројатноста дека е спремен даде 20000 евра за ново возило, ако државата му даде 3000 евра субвенција.

Мора реалистични цели да имаме.

Сепак возило од 2016, е далеку подобро од возило од 2002, увезено во 2011 со 350 000км.

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1655
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28449 на: 01 Ноември 2024, 11:26:52 am »
Не ми го извртувај муабетот плуз. Не за Корса од 2016. Не за никакво половно возило - тоа отвара огромен простор за манипулации и злоупотреба. Ново. Наместо Корса од 2016, нов Citroen C3. И така натака. Ако ништо друго, со ваучерот и некаков личен влог, ќе имаш за учество, па остатокот терај го на рати.

Поентата е да купи Ц-елизе,Ц3 за 11990 евра ( со вклучена субвенција ). Или Дачиа Сандеро за 13000 евра.

За жал ја немаме таа моќ. Тој што има кола пред 2010 година, мала е веројатноста дека е спремен даде 20000 евра за ново возило, ако државата му даде 3000 евра субвенција.

Мора реалистични цели да имаме.

Сепак возило од 2016, е далеку подобро од возило од 2002, увезено во 2011 со 350 000км.

Поентата е да купи Ц-елизе,Ц3 за 12000 евра (со вклучена субвенција). Или Дачиа Сандеро за 13000 евра (со вклучена субвенција).


Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1872
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28450 на: 01 Ноември 2024, 12:02:54 pm »
за 12 илјади евра ке се донесе мерцедес е220 2016год од колку да вози сандеро 900 кубика хахахамакедонски народ сака премиум возила дачиа и шкода ни под разно дури мани и наоѓаат и во фирмите зошто се шкоди а не ауди ......

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 911
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28451 на: 01 Ноември 2024, 12:03:16 pm »
@andrejnaumovski

https://home.mobile.de/KEVEKSAUTOMOBILE#des_394824793

Прескапи беа нови и ги утепа амортизација. Таман за 2 години :)

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1872
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28452 на: 01 Ноември 2024, 12:03:57 pm »
@andrejnaumovski

https://home.mobile.de/KEVEKSAUTOMOBILE#des_394824793

Прескапи беа нови и ги утепа амортизација. Таман за 2 години :)
ист ли е мотор ко твојот?

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 911
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28453 на: 01 Ноември 2024, 12:05:21 pm »
@andrejnaumovski

https://home.mobile.de/KEVEKSAUTOMOBILE#des_394824793

Прескапи беа нови и ги утепа амортизација. Таман за 2 години :)
ист ли е мотор ко твојот?

Не, оваа вози понов модел, S58. Кај мене е S55, ко на претходната М3ка. Објективно новиот е далеку подобар од секој аспект, ама стариов е повозбудлив :)

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1872
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28454 на: 01 Ноември 2024, 12:09:23 pm »
@andrejnaumovski

https://home.mobile.de/KEVEKSAUTOMOBILE#des_394824793

Прескапи беа нови и ги утепа амортизација. Таман за 2 години :)
ист ли е мотор ко твојот?

Не, оваа вози понов модел, S58. Кај мене е S55, ко на претходната М3ка. Објективно новиот е далеку подобар од секој аспект, ама стариов е повозбудлив :)

Се надевам братот @Sase91 мирно набљудува и прати ситуација..