Мислам сме единствената земја во регионот која не нуди субвенции за купување на електрични возила.
Случајно разговарав со еден функционер во ЕЛЕМ на темата и причината била едноставна. Наводно, ако се увезеле многу електрични возила, тоа биле големи потрошачи, а нашиот систем физички не можел да постигне и ќе колабирал. Увезуваме јаглен од Грција за РЕК Битола, мазутот е скап за Неготино, итн.
На темата нови/понови возила и увоз, Македончето ќе увезе 2 коли за дома, понови, ќе скрпи кредит, ама старата кола не ја фрла во отпад.
Убаво кажа класниот. Имаш кола постара од 2010? Еве ти 3000 евра од државата, да биде ставена на преса и со тој ваучер купи си Опел Корса ама од 2016, притоа Корсата да ги задоволи сите стандарди на издувни гасови (не само CO2) и да биде навистина технички исправна. Да си има правилнил како во Англија да речеме и си одиш по список што е како е на возилото и со препорака или "паѓаш".
Тоа да е јавно достапно, исто како во Англија, преку регистарска табличка.
Има начини како сѐ да се подобри, ама корупцијата ни ја плачи мајката. Сеа ова го прават заради локалните избори да се ќари уште некоја општина плус.