Активно барам возило, и увидов дека никој нејќе да одржува кола, сите сакаат скапо да продадат, а никој не сака да одржува кола по пропис и сите сакаат кога купуваат - зачувано, пазено-мазено, одржавано да е.
Е па, не бива така другари.
Што би рекле некои од нашите форумџии: „За кого ја чуваш? За наредниот газда?“.
Заради тој ментален склоп - 90% од колите во Македонија се кокошарници.
Не е ни тоа проблемот. Проблемот е ЦЕНАТА.
ОК, I'll bite.
Разликата меѓу мене и тебе не е во сознанието дека цените се високи. Знаеме и двајцата. Сите знаат.
Разликата е во тоа што ти ги цениш колите по моделот, годината и километражата ОД СЛИКИ и стално просераваш.
Јас, шетам и гледам коли ВО ЖИВО, па можам да ја видам реалната состојба на возилото и вредноста, без разлика на модел, година и километража.
Радо би возел стварно мазено Пиканто, него издркан Голф.