Не бидете класични северџани, сите имаме исти 24ч. Секој може да го прави истото како што пиша Саше. И тој има ризик, а и фамилија за гледање.
Sent from my iPhone using Tapatalk
Бар знам дека на форумов сте сите постари, ова ми личат на тинејџерски муабети.
Јас ти зборувам од аспект на водење на бизнис како посредник, односно англиски "intermediary". Целта на овој учесник во вредносниот синџир е да додаде вредност, со цел да може да го оправда дополнителниот трошок кој го носи.
Ќе пробам да ви претставам најпластично:
Колата ја нуди (пример)
@Ordevski , а јас сакам да ја купам. Можеме да го средиме целиот процес преку директна интеракција, бидејќи јас ќе го забележав возилото на оглас, при што бидејќи е купено и одржувано во МК веднаш и може да го проверам.
На оваа равенка ако го додадеме Golden Car, тој всушност ја зема добрата понуда која мене како краен потрошувач ми е достапна, ми додава трошок и јас не добивам никаква дополнителна вредност како што кога би го купил од индивидуа, за да оправда маржа од 1-2-3.000+ еур.
Земете го покласичниот пример со Playstation 5 - беа купувани по 50+ конзоли да ги препродаваат по цени поскапи меѓу 30-100%, без никаква додадена вредност. Ова е класичен скалпинг бидејќи се покачува цена без никакво оправдување, а против кое се борат компании како Sony, Nvidia итн.
П.с. Да потенцирам - не е целта кој може или не може ова да го прави, и дали самиот има ризик. Јас би зборувам од аспект на бизнис модел, не е издржан дека носи вредност на краен потрошувач.