Од она што гледам Golden, претежно продаваат возила што се тука купени.
Одете си во официјален сервис, ќе ви дадат целосна историја.
Јавете се во осигурителна компанија (или најдете некој брокер што е), ќе видете дали била во некоја тешка сообраќајка.
Башка овие се толку нови возила, што биле најчесто каско покриени така што се било санирано како што треба во официјален сервис, ако нешто им се случило.
Тоа е тоа. Не е научна фантастика.
Супер идеа, но не е баш така во реалноста во нашата чудесна земја.
Пример 1, Форд Мондео, купено во Мк, се јавувам во Мида, и не сакаат да ми дадат сервисна историја.
Им кажувам ВИН, и ми викаат само со согласност на сегашниот сопственик.
Ок поштувам, барем не ме излажаа.
Пример 2, Мазда 3, се јавувам во сервис со Вин, ми кажуваат дека е редовно сервисирано, потврдуваат километража и ми рекоа слободно купувај.
Се запалувам да ја купам, и се јавувам на мајстор да организирам да одиме до Гостивар да ја види на лице место. Му дадов ВИН, и после 2 саати ми се јавува ми кажува колата била во удрена напред и е менувано преден браник и уште нешто. Било тест возило, голем сервис веке правено, многу предвреме... со препорака да си бара, друго возило.
Пример 3, Пежо, половно возило, случајно се најдовме ма муабет двајца заинтересирани да го купиме истото возило, пре-продавачот едни информации на мене, шефот други информации на негов пријател за истата кола.
Секако и различна цена. Пријателот на шефот си вози 3008-ца сега

И така.
ЕДИТ, не ми текна да се јавам во Осигурителна, добра идеа.