Баба го возела прва фарба уникат https://www.instagram.com/p/CXoQrX4Foqs/
Два три пати имам зачекано низ Битола во ниедно време застанат шлепер кај шо истовара на плац. Сите до една беа вакви кокошарници, остатокот беа подчукнати, кој поќе кој помалце.
Јас на плац кај Цементара пред мои очи Honda Civic 2.2d ја спуштаа од шлепер среде бел ден и беше можда и полоша состојба од ова Воланот беше изезен до железото.
"Колата е супер само лошо изгледа" ми вика продавачот 😅
Прво што направија е го извадоа воланот да го носат на средување.
Една недела после тоа ја видов на плацот, нормално ставена на страна во ќош со отворени прозорци да се сушела од хемиско. Внатре седиштата уште беа скинати.
По месец дена отприлика пак бев на плацот, делови од каросеријата исфарбани, седиштата закрпени мада добро закрпени беа не се познаваше, воланот добро направен џоа нов, налицкана 120%.
Викам "Бре добро ја средивте". Се насмеа само и после кога гледав коли ми праеше муабет "Не, ова не е за тебе, види ја другава" 😅😅😅