Автор Тема: Интересни понуди на користени возила.  (Прочитано 4212068 пати)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5073
  • The Spartan General
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #24585 на: 22 Јануари 2022, 07:41:43 am »
Па не баш, работната температура им се врти од 90-95 степенина бензинците, а на дизелите оди до 100 и над 100 заради емисии. Сега најмодерните дизели исто почнаа да имаат проблеми со потрошувачка на масло.

А за хонда, прочитај збор два за К20 генерацијата на мотори од 2003та. И таму најчесто има рационализација дека 200мл на 1000км се ОК, 500мл на 1000км не се ОК.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6842
  • Бенве сие бенве
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #24586 на: 22 Јануари 2022, 09:42:46 am »
Отворете тема за измами далги и бајки околу препродажби има шо да се каже


Sent from my iPhone using Tapatalk

И ја сакав ова да предложам.

Исто така може и да се споделуваат проверки од страни како Car Vertical и сл., ако веќе некој проверил и открил нешто лоши, да не фрламе сите пари, може и на друг ќе му се најде.

Некогаш дури може некој и ќе провери и ќе биде се океј од аспект на историја и сл., ама ради други причини нема да се одлучи да го земе возилото, па веќе кога ги имаме податоците, штета би било да не се споделат со сите и по неколку пати да се фрлаат пари од различни луѓе за едно исто возило :)



Еве да кажам една голема за двајца ортаци.

Продаваат Рено Сценик, ама дефект е ја враќа нафтата и по 20-30мин не пали. Знаат дека иде човеков и ја палат пред 10мин да качи нафта ја гледа и решава да ја купи. Им вика многу ќеиф ми се напраи сакам у кафана да ве носам. И сега овие му викаат колата е со еден клуч. Додека седат у кафаната еднуот оди као до ВЦ и со вториот клуч ја пали ја турира и бега назад на масата, по некое време другиов ортак. сум паѓал од смеа кога ми кажуваа.
Е сега жалосно е што некој можеби години собирал и од устата делел за да купи по нова по салам кола ама таа е.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6538
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #24587 на: 22 Јануари 2022, 15:37:26 pm »
Поука од приказната, кола со еден клуч не се купува.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5916
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #24588 на: 22 Јануари 2022, 15:47:42 pm »
Луѓе мислење за Мерцедес A класа W169 2004-2007?
За другар прашувам 😊

Sent from my MAR-LX1A using Tapatalk


Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7882
  • Плинаш!!!
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #24589 на: 22 Јануари 2022, 16:49:25 pm »
Па не баш, работната температура им се врти од 90-95 степенина бензинците, а на дизелите оди до 100 и над 100 заради емисии. Сега најмодерните дизели исто почнаа да имаат проблеми со потрошувачка на масло.

А за хонда, прочитај збор два за К20 генерацијата на мотори од 2003та. И таму најчесто има рационализација дека 200мл на 1000км се ОК, 500мл на 1000км не се ОК.
Малку грешка си. На сите опели бензинци од 2004та па наваму работна температура им 105 степени. Незнам на поновиве дали нешто смениле ама до 2012 така беше.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2423
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #24590 на: 22 Јануари 2022, 20:28:18 pm »
Мислам дека само Ауто Милано дава 6 месеци гаранција, што и не е занемарливо, таман да видиш дали ќе покаже некоја слабост (прекумерна потрошувачка на масло, притисок во експанзиониот сад-диктон, глава, лагер на менувач и сл), тоа што не можеш да го видиш за тие 30 мин кога купуваш кола.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20141
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #24591 на: 22 Јануари 2022, 20:46:31 pm »
Мислам дека само Ауто Милано дава 6 месеци гаранција, што и не е занемарливо, таман да видиш дали ќе покаже некоја слабост (прекумерна потрошувачка на масло, притисок во експанзиониот сад-диктон, глава, лагер на менувач и сл), тоа што не можеш да го видиш за тие 30 мин кога купуваш кола.

Даваат и други ама каква е таа гаранција? :D

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #24592 на: 22 Јануари 2022, 21:00:23 pm »
Мислам дека само Ауто Милано дава 6 месеци гаранција, што и не е занемарливо, таман да видиш дали ќе покаже некоја слабост (прекумерна потрошувачка на масло, притисок во експанзиониот сад-диктон, глава, лагер на менувач и сл), тоа што не можеш да го видиш за тие 30 мин кога купуваш кола.

Даваат и други ама каква е таа гаранција? :D

Парагонска. Само такви се пишуваат во кафана...
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1814
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #24593 на: 22 Јануари 2022, 21:12:51 pm »
Мислам дека само Ауто Милано дава 6 месеци гаранција, што и не е занемарливо, таман да видиш дали ќе покаже некоја слабост (прекумерна потрошувачка на масло, притисок во експанзиониот сад-диктон, глава, лагер на менувач и сл), тоа што не можеш да го видиш за тие 30 мин кога купуваш кола.

Даваат и други ама каква е таа гаранција? :D

Верувам нешто што лесно паѓа при судски процес, можеби лаички од моја страна ама не се верува на ништо во преварантска држава. ОМО пример и АУтоВелт не сум слушнал да нудат гаранција, а се повеќе читам огласи од физички лица каде наведуваат дека даваат писмена гаранција за исправноста.

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17594
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #24594 на: 23 Јануари 2022, 00:32:09 am »
Гаранцијата важи единствено ако приложиш фактури за сменет ребраст каиш, водна пумпа и сите ролери и затегачи, барем така било до сега.

Некои се доволно храбри да даваат гаранција и на варијабилен замаец.

Е сеа кој плац/продавач колку ќе стои позади пишаното во купопродажниот договор... Тоа друго е.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7882
  • Плинаш!!!
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #24595 на: 23 Јануари 2022, 02:29:14 am »
Ништо од тоа. Обично тие се уиграни со адвокати, судии, полиции. Ако пробуваш да одиш до крај, само пари ке влечат од тебе и на крај ем без пари ем со расипана кола.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3889
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #24596 на: 23 Јануари 2022, 02:41:21 am »
Пред 1 месец земав од Олимпиа Моторс половно Пежо 208 од 2017 и ми дадоа 3 месеци гаранција.
Само што го регистрирав и средив со документите видов дека тропка нешто десно напред кај тркалото, при мали дупки како да е стабилизатор. Му пишав одма на Вибер на продавачот со кој што комуницирав, му кажав за проблемот и го прашав дали тоа е опфатено во гаранцијата. Ми рече да отидам слободно дека ќе средат се. Отидов таму, испадна дека е предниот десен амортизер и лагерот врз него(или буферот, искрено незнам точно шо и како беше). Им реков дека амортизери се менуваат во пар и дека сакам да се сменат и двата, малце се натегавме но успеав да се договорам да ми ги сменат двата предни амортизери, лагери на амортизери и буфери напред и да платам само работна рака за додатните зафати што ги побарав (3000 денари).
Ова е моето искуство со гаранциите од дилериве на половни возила.

Инаку во самата гаранција што ја потпишав има доста услови, така да малце е комплицирано али ми испадна мене Ок, може и до продавачов да е зошто беше стварно Ок лик.
« Последно менување: 23 Јануари 2022, 03:20:55 am Sase_91 »
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #24597 на: 23 Јануари 2022, 02:53:34 am »
За кола од 2017-та не требало ни работна рака да ти наплаќаат туку да речат извини, молим лепо + да те почастат кавијар во вредност од 3000 денари додека чекаш.

Туку, со плацевиве гарантори што правиме? :)
Овие што пишуваат гаранција на парагон. :)
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5916
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #24598 на: 23 Јануари 2022, 09:14:17 am »
Колку толку коректни испаднале.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1814
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #24599 на: 23 Јануари 2022, 10:21:52 am »
не е интересна понуда ама интересен податок... Имено, Аутото, фирмата на Мида за увоз на половни возила увезува половни возила од соседните пазари, Србија, Хрватска, БиХ, податок кој не го знаев а е доста интересен. Обично увезуваат од запад, Аутото увезува од Балкан старо за ново и лизинг возила одржувани кај овластените сервиси за Форд на Балкан.

Инаку имаат интересни Фиести за 7,8к евра со цирка 100к км.