Пред 1 месец земав од Олимпиа Моторс половно Пежо 208 од 2017 и ми дадоа 3 месеци гаранција.
Само што го регистрирав и средив со документите видов дека тропка нешто десно напред кај тркалото, при мали дупки како да е стабилизатор. Му пишав одма на Вибер на продавачот со кој што комуницирав, му кажав за проблемот и го прашав дали тоа е опфатено во гаранцијата. Ми рече да отидам слободно дека ќе средат се. Отидов таму, испадна дека е предниот десен амортизер и лагерот врз него(или буферот, искрено незнам точно шо и како беше). Им реков дека амортизери се менуваат во пар и дека сакам да се сменат и двата, малце се натегавме но успеав да се договорам да ми ги сменат двата предни амортизери, лагери на амортизери и буфери напред и да платам само работна рака за додатните зафати што ги побарав (3000 денари).
Ова е моето искуство со гаранциите од дилериве на половни возила.
Инаку во самата гаранција што ја потпишав има доста услови, така да малце е комплицирано али ми испадна мене Ок, може и до продавачов да е зошто беше стварно Ок лик.