Голфот во 2016 го земав со таа камата. Пошто ме прашаа зошто не сум купил 10 годишно ауди
Би те замолил, доколку сакаш нормално, да споделиш повеќе детали за конкретниот лизинг, пр. вкупен износ на камата за која финансирана вредност, има/нема остаточна вредност, има/нема учество итн.
Би сакал да споредам како пари (не како каматна стапка, затоа што е прилично дискутабилен поим) со моменталната понуда кај нас.
Пак ќе повторам, доколку сакаш 
П.С. Не можев да ја најдам темата за лизинг, кредит, нешто такво, па доколку сака администратор нека премести таму да продолжиме.
Нема проблем. Имав неколку опции, сакаш без никакво учество, сакаш финансов лизинг или оперативен. Кај оперативниот имаш остаточна вредност и таа зависи од периодот на лизингот и годишната километража. Кај мене ќе беше 5 години и 20.000км годишно лимит што значи 100.000км после 5 години и рачунаа 30% остаточна вредност, што е доста низок процент. Значи, на 19.000 еур они колата ја проценуваат 5700 евра после 5 години. Ти имаш можност да ја откупиш после 5 години за таа сума, исто така имаш право да ја продадеш да речеме за 7.000 евра, 5700 даваш на автосалонот и разликата да си ја ставиш во џеб како чисти твои пари или трета можност колата ја враќаш назад и зимаш нова. Ако ја земеш колата на 3 или 4 години, или па помала годишна километража ондак остаточната вредност ќе биде 40-50% или во превод ти ќе плаќаш помала месечна рата.
Но, целта мене ми беше да купам кола да ја исплатам цела наеднаш и затоа земав финансов лизинг.
5 години исплата, 20% учество (околу 4.000 евра со се сите пропратни трошоци) и камата од 1.95%. Некаде му доаѓа 270 евра месечно. Еве најдов од договорот конкретна сума и до него е пресметаната камата за 5 години, 774 евра. Значи грубо испаѓа на кола од 19200 евра камата плаќаш скоро 800 и околу 250-300 трошоци за оформување на договорот.
п.с. ова е сума значи со све регистрација, таблици, документи, ти само доаѓаш во салонот ти даваат клуч и винце од Германија и си тераш патот.
