Глуп муабет правиме во секој случај.
Муабетот се сведува на две опции:
- Нова кола - не сакам да се замарам со било какви посериозни поправки наредните 10 години (околу 150 000 км) или барем за време на гаранција (2-5-7 години)
- Половна кола - тука има мал милион варијанти. Луксузна стара кола, понова кола или кола што можеби е уште под гаранција.
Што е попаметно? Никој не може да ви каже и сами треба да одлучите.
Мене ми беше важно барем за една кола да не се замарам наредните 10 години минимум - со ништо. Да не се замарам со мајстори, со смрдеа внатре од ефтино хемиско, да не се замарам со дизни, турбини, каиши, ланчиња, казанчиња, клими, компресори, дискови, сајли.
Татко ми затоа зема поефтина нова кола секои 15 години и не знае што е мајстор, освен да смени масло и филтри (т е знае едно масло - TOTAL QUARTZ 9000). Има мерак за коли, ама не за мајстори и човекот си прави баланс.