Давачките не се „тука негде“. Давачките се многу, многу различни. Давачките за нова кола во Латвија се (колку што успеав да најдам, поправи ме ако грешам) се 20%. Давачките за оваа кола во Македонија биле (и мислам дека уште се) околу 45%. Стартна цена на Grand Cherokee Summit во Македонија (иако, стари им се ценовниците на сајтот, па може и да не е веќе така) е 83.000 Евра, во Латвија е 55.000 Евра.
Како и дали е оправдана таа разлика не навлегувам. Само кажувам дека има огромни разлики.
Споредување на цени на различни пазари е без врска. Различни се увозните цени на возилата (пошто различни пазари добиваат различни цени, и тука влијаат многу фактори), различни се давачките, итн, итн...
--
Не оправдувам никаква нереално висока цена. Кажав која е основата за почеток на преговори. Како што реков, околу цената има простор за договор, кој е заинтересиран, може да си се јави и да преговара.
--
p.s. Канада има уште помали давачки за нови возила. Во зависност од провинцијата, од 0 до 15%.