Дечки, потребно е форумско мислење за да помогнеме на убав човек
Се работи за црвен Голф 6 дизел 2,0, 2009г со наводно 180,000км и 2 години регистриран.
Со сменети нови дискови и уље. Е сега, утре ќе оди другарчево да го пробува, амја сомнителна му е цената, му го дава за 4300 евра, и е со доста ниско ниво на опрема.
На предниот и задниот браник е испукан лакот. Прашањето е колку е тоа нормално, земајќи во предвид дека бојата е црвена?
На што друго да внимава и да препровери?
Би замолил за одговори вечерва или утре посабајлечки
Благодариме.