Abe sea, nebiva site da vozime The Ultimate Driving Machine, za nekoj od nas, gezveto e avion.....
Alfa Giulia не е ѓезве. И е доста скапа... ако тоа ти беше поентата на муабетот 
Не ми беше тоа поентата, дали Алфа е ѓезве или не, зборам конкретно за Џулиетта од огласот, со 1.4 ТБ Мултиаир со 170коња. Зошто мислаш дека е ѓезве ? Дека е бавна ? Дека технолошки е никаква ? Дека платформата и е катастрофа и управувањето за никаде ? Сето тоа не е така.
Џулиетта е многу напреден автомобил, почнувајки од платформата ( која кога беше лансирана, беше најбезбеден автомобил во својата класа ) па се до електонските помагала, како VDC со електронски Q2 диференцијал, еден од најдиректните волани во својата класа со 10.3м радиус, кој работи со два запченици, во различни модиви, различно се понаша, огромни брембо кошници напред со 4 клипа, фантастична MultiLink задница и McPherson предница, стандардно кај сите модели, управувањето кај мојата ( најслабиот модел дизел ) е како по шини, значи буквално како по шини, не зборам дека е моја, бидејки Бравото ( е тоа е ѓезве ) е кајче за Џулиетта.
Има уште многу за пишивање, но мрзе ме сега, само спомнав, зошто Џулиетта за мене не е ѓезве.