Ги продаваат двете коли. Едната е сива е60 м5, ја увезоа пред брзо време од Швајцарија. За таа знам дека е камен, стварно многу сочувано и добро одржувано BMW. Според мене и црвенава е топ, иако ретко се вози и не ја гледам многу низ град.. Чаршиски муабети низ Велес се дека е39-ката е калемена на 540i шасија и дека во сообраќајна е 540i.. Наводно претходно била колата во тетово/гостивар, ја удираат, па мачка ја зима и ја средува... Не сум запознаен и немам никакви информации за ова, ама според мене и двете коли се во супер состојба како и сите други, јас си живеам со син му и знам дека многу чуваат коли, буквално секое штрафче гледаат да си биде стегнато и се да си биде џам, па дури и да е правено, ако е правено од нив гарантирам дека нема фалш... Имаат работено и на моја кола и немам зборови за квалитетот. А за возењето и за лудориите, не знам што очекувате, со 320ки гледајте шо се не прават, па да не зборуваме за М3 М5, модели што се створени за агресивно и брзо возење... Одржување на ваква кола е многу поскапо и не исплатливо бидејќи ова е мерак, ова не е потреба.