Како се покажани роботчињава?
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1554896
на времето најјака реклама имаа на тв
Моторот знам дека е добар, се вградува во повеќе модели. Ме интересираат другите работи како амортизацијата, квалитетот на ентериерот итн..интересна е и инструмент-таблата...нешто слично како на јапонските коли, несекојдневно. 
Ок си се за вожњата, имаат убава вожња, во ентериерот ми се свиѓаат седиштата, а на другите работи во ентериерот не сум обрнал внимание... Моторот е докажан и е одличен, само што овој модел има многу проблеми со електрониката, односно таа годона се јавува проблем со електрониката кај повеќе модели на цитроен... Чичко ми имаше Цитеоен Ц4 ама бензин 1.4 16v 88 кс пред едно 6-7 години, го имаше околу една година и почнаа проблеми со електрониката, дисплеите му губеа контакт, трепкаа рандом и други работи имаше ама не ми текнува... Сум слушал и од други луѓе дека се жалат исто од електрониката и викаат као, не се оправала, толку знам за Ц4-ката, лс некој ако знае повеќе или конкретно ако има уште нешто,нека ме надополни... 
Татко ми има Ц4 со тој брзиот 1.4 бензинец

. Производство 2008 година и од електроника проблем што имал до сега е со возачкото стакло. На моменти не реагира, па ќе работи па после пак. Има околу 90.000 поминато и освен тој дефект (си работи прозорот уште) нема никаков друг, освен нели промена на уље, плочки, филтри итн.
Вожњата кога ќе ја споредам со мојот Меган (нели иста класа) мислам дека нема споредба искрено. Во Цитроенот многу пати е подобро возењето, имаш чувство дека се возиш во кола од поголема класа. Возење низ дупки на пример се поминува со еден убав длабок звук, значи нема крцкање, чудно тропање. Се е некако по смирено односно повеќе си релаксиран во Цитроенот кога ќе го споредам со Меганот. Воланот како волан е малце голем некако тоа не ми се допаѓа. Внатре просторот исто така поголем од Меганот. Е сеа што цитроенот со основна опрема иде фабрички со тапа седишта ама конкретниот модел на реклама5 има ок седишта.