Осети дизелче и готово.
Nope. Осетив пак колку е добро да се вози точак по Скопје место кола, и испаѓа дека кола скоро да не возам (освен некои викенди (доста викенди и со точак од дома одам) и одмор). Палев кола за низ град ради што не ми се оставаа точаците што ги имам заклучени.
Ме радува што малограѓанството во Македонија на тема точак го снемува, и веќе не е срамота ако отидеш и на состанок со точак.
Деновиве ќе стигне нов точак, кој што нема да ми биде шубе да го оставам, па кола ќе се вози уште помалку. Ако видам дека имам потреба од поголема кола, најверојатно пак ќе купам јапонска, и пак ќе купам бензин во тој случај.