Јас мислам дека годиштето и километрите, сами по себе, не значат речиси ништо.
Доколку е домаќински одржувана и експлоатирана, кола стара 20 години може да биде коска. Доколку ја возел ретардиран морон со вишок тестостерон и мањак мозок („не мора бе сега уље да мењам, денешните уља ова она...“), може и за 3 години да ја направи канта за отпад. Башка, не знам дали сте приметиле, ама низ огласите нема НИТУ ЕДНА кола која има повеќе од 200.000 км, особено не од VAG групацијата. Хмммм...
Исто така, доколку некоја кола е возена 100.000 километри на автопат и е редовно сервисирана, тој мотор е штотуку разработен и во прајм форма. Доколку некоја кола е возена 50.000 км исклучиво низ град на релации од 2 или помалку километри, моторот е више мајонез.
Значи, не се фокусирајте толку на годиште и километри. Ако колата ти фаќа око, ја носиш на мајстор да ја прегледа и ако е ок - купуваш. Колку сака нека има км или години.