Искрено Мартин, што подобро очечуваш во овој ценовен ранг?
Јас тоа би го тргнал од огласот
Знаеме сите Алфа каде и колку е вреднувана.
Искрено, и она најискрено јас целам кон Твинго или Форд Ка.
Форд Ка има практично неуништлив мотор, cheap as dirt одржување, и троши дупло помалку од Алфата. Да, ќе жртвувам комоција, простор и возни особини, јасно ми е тоа. Цените на горивата и финансиската моќ колата да се вози колку што е потребно да се вози, моментално се во незавидна положба.
Сепак, не очекувам брзо да се продаде, а за тоа време ќе се сервисира десна страна од предница, левата ја средив лани, и ќе се купува и менува ламела. Со тоа колата треба да е технички 100% исправна, па кој ја купи ќе се навози.