Зависи од човекот, јас на пример користам голем дел од опремата секојдневно, кога веќе ја има зошто да стои. Субјективно е тоа секако, за мене кажувам. Кога барам кола гледам да има што повеќе опрема, колите што беа на пример без ласерски светла не ги ни гледав, при ова барање на кола, исто како и тие што немаа комфорт седишта со ладење, панорама, асистед драјвинг..
Ова ми е поучно искуство од А4 кога ја имав. Tаа ја купив нова со обични платнени седишта и по неколку години ги заменив тие седишта со спортски изработени од кожа и алкантара. Колата доби скроз нов лик со тие седишта, а воедно и седењето беше неколку пати подобро, од тогаш кога барам кола гледам има што повеќе опрема и подобри седишта.
Пример сега за он топикот - А5,
Продаваат А5 и пишале фул опрема а колата го има основниот ксенон а матриксот се користи апсолутно при секое возење навечер, 360 камера помага при секое паркирање, панорама се користи (постои) при секое возење, спортски седишта се користат при секое седење во возилото и се далеку подобри од обичните, дигитален кокпит се гледа при секое возење, адаптивна суспензија исто така се користи при секое возење и уште 1 тон ваква опрема.
Може да има и работи што некој не би ги користел често, како адаптивен темпомат или навигација ете, но се зависи од човекот.
Поентата ми беше дека пишуваат дека има опрема а нема. Нека си пишат како што е и готово, нема зошто да се залажуваат луѓето или да се прават дека се неписмени и не можат да проверат дали е така.