Вечна дилема е ова.
Прво да се разбереме.
Секоја кола, само што ќе ја извадиш од салон ќе има гребаници.
Ако ја паркираш на паркинг, ќе добиваш удари од комшиите по вратите и милион зуцки.
Возиш на автопат, хаубата ќе биде зуцкана од камчиња.
Е сеа сето овој третман, 10 години. И што очекувате?!
Убаво кажа banza. ПРЕМНОГУ е сомнително стара кола да нема ниту една гребаница, зуцка, и сл.
Тоа ти е шминкана кола.
Крај краева, и да е шминкана колата, многу лесно се проверува колата дали некогаш било удирана, деформирана и сл.
Не можете некој да го осудите дека ја префарбал, китирал некаде колата, само затоа што е пицајзла и сака секогаш колата да му сија.
Мене ме нервираат оние што продаваат склопувани коли, со искривена шасија. Тоа се небезбедни возила!
Механички ...СЕ! се средува. Што и да е. Нема проблем за апсолутно ништо.
Лимариски ако има тешки деформитети возилото, е тогаш тешко се исправа, па колку сакаш пари фрлај во него.