Вториот е понова генерација и поштедлив мотор, со старт/стоп технологија, со потрошња ќе ги исикинеш овие со голфовиве што трошат 4л во град дизел, со газење

За трошоците, види на dat.de колкава е вредноста на колата (онаа првата е регистрирана прв пат во 2010, ама е произведена порано, пошто дистинктив опрема нема во 2010 година), па потоа почни да есапиш. Разлика може да ти направи дали ќе обезбедиш ЕУР.1 документ за потекло на воизлото или не. Ако немаш Еур1, грубо трошоците може да бидат нешто помалку од 30% до регистрација. Ако имаш документ за ослободување од царина, тогаш нешто помалку од 25% од вредноста на колата. Мене царина мојата кола ми ја процени 11.000е, немав Еур.1 документ и платив давачки од 3.000е. Кога би го имал тој документ, давачките ќе беа околу 2.500-2600 евра.
Тука имаш уште 200-300е трошоци кои не ги есапиш, од типот, увозна декларација, лежарина на терминал, царинска декларација, хомологација и слични бричења на ситно, ама тоа е - кога ќе тргнеш со ќејфот, стискаш зуби и отвараш новчаник
