По правило, да. Треба да ти стигне писмо од царина и картонче за пратката (Што ми стигна дури вчера).
Арно ама, за да не чекам, пратев цело време тракинг... У моментот кога видов дека е на царина, исконтактирав да прашам која е постапката...
Ми рекоа дека е доволно скриншот од производот од сајтот кај шо си го купил, на кој ќе ја има наведено цената, и извод од картичката со која си го платил телефонот, кај што ќе има јасна информација за тоа колку си го платил.
Од моментот кога ќе ги доставиш документите на шалтер кај нив, им треба неколку саати да го процесираат пакетот.
Наредниот ден, само со тракинг бројот на шалтер за подигнување пратки, ќе ти дадат уплатница да платиш ддв, и со таа си го зимаш телефонот.
Сето ова го праат за да ти извлечат повеќе пари, зошо по некое непишано правило, кинезите пуштаат фактура со понизок износ (автоматски би платил помалце ддв), ама нашиве демек многу опасни па прават проверка...
И тоа е.
Sent from my Redmi Note 4x