Има помал, и тоа со истата батерија.
Го немам во понуда тој во претплатата.
А и гломазен е многу, не сакам толкави телефони.
Случајно го загледав и Alcatel Idol 4, со слични карактеристики но за доста пониска цена.
Ај вака да го поставам прашањето: best buy за парите = карактеристики и по малце дизајн.

Алкателот е со доплата од 177ден (x24 рати), Samsung J3 (2017) за 226ден, Huawei p9 lite за 348ден, Huawei p10 lite за 542ден,
Samsung J5 (2017) за 601ден и максимум што можам да си дозволам Samsung A3 (2017) за 634ден.
На хартија сите имаат многу слични карактеристики, па затоа сум во дилема ако за 177ден можам да имам телефон со исти можности како телефон за 634ден доплата (x24 рати) зошто да го земам поскапиот?

Како е во реалноста, дали некој има користено некој од овие телефони да ми помогне во изборот?