Не знам дали е правото место тука за прашањево, али не сакам да отворам нова тема.
Значи, сакам да си купам нов мобилен. По повеќемесечни истражувања, во потесен избор влегоа iPhone 5C 8ГБ, Samsung Galaxy S4, Samsung Galaxy S5, LG G Flex 2, Sony Xperia Z2 и Sony Xperia Z3.
Како поминуваше времето, iPhone, S4, LG и Z2 отпаднаа, од разноразни причини. iPhone ми беше некако прескап, во однос на она што го нуди, S4 веќе е доста подостарен модел, али го имав во предвид поради релативно ниската цена. Од тие причини, си реков - додај уште некоја пара, и онака купуваш телефон еднаш во две години, па ги земав во предвид останатите.
Е сега, LG e преголем, значи дури и грдо ми изгледаше. Прашање е во џеб како би го поднел. Отпаѓа.
Z2, според мене е одличен телефон, но не се исплати ценовната разлика со Z3 - за многу малку пари, ќе имам една генерација понов телефон. Отпаѓа.
Така, изборот во моментов е на
Z3 и
S5.

Да си кажам веднаш, ме влече накај Sony-то. Супериорен е над Samsung-от, во секој поглед.
Што барам од мојот нареден телефон?
Прво, изглед. Кај S5, оној задниот кожен дел, благо кажано - ми е одвратен. Да, предност е што подобро лежи во рака, не се гребе, и сл. Но, поради брендот и цената во моментов, би можел да живеам со тоа.
Од друга страна, Z3. Стакло, алуминиум, стакло. Вреска - премиум, за разлика од пластикаријата кај Кореецот. Не коментирам повеќе, прекрасно изгледа Sony-то.
Второ, нормални перформанси за телефон. Да не ме ебава кога сакам да отворам именик, што е случај кај сегашниот Idol што го користам. Кај телефон, да не можеш именикот да го скролаш на раат. Убеден сум дека и двата ќе ме задоволат во тој поглед.
Трето - батерија. Sony-то е подобар и тука.
Кога ќе се размислам, единствени предности на S5 во моментов се дека можам да го земам одма (би го земал од Нептун), тоа што можам да го осигурам од сите можни ризици, и тоа што е со пониска цена.
За Sony-то, ќе морам да почекам уште месец ипол, пошто тогаш ќе го продолжувам договорот со Вип.
Така, сите искуства, совети и препораки од вас се добредојдени. Не ми нудете половни, користени телефони, пошто не сум заинтересиран. Сакам јас да го скинам најлончето од апаратот.
Што да одберам, и зошто? Алтернативи на овие два модели? Пукајте.
Благодарам.