Гринифај (и сличните и нејзе) имаат можност да го запрат процесот на апликацијата кога ќе го заклучиш телофонот. Значи кога ќе стиснам на заклучивање нема што тука мене да ми се пали маркет, или немаркет или асфалт, или осмос или рејс логик 3 или нешто си таму глупост некоја и да ми цеди батерија. Тоа не ми е јасно како може да не е по дифолт на андроид ама ај. Значи ЈАС треба да кажам што се дешава со телефонот а не апликацијата. Треба рут зошто на Гринифај му треба привилегии за да запре туѓ процес и да го стопира со работа. Се знае кој треба да работи кога е телефонот локт:
Мејл, воцап, вибер. Толку. Крај. Нема што игрица да се вклучува кога не и е време.
Веќе со Таскер може да се кодираат многу комплексни работи со палење и гасење на разни работи за масовна заштеда на енергија. На пример кога е заклучен телефонот се да е исклучено и вај фај и гпс и мобајл дата СЕ и секој пола саат по една минута им е дозволено да се упалат сами од себе и да проверат дали има нешто ново (порака од воцап, вибер, ФБ, мејл и слично) и пак да го угаси 3г и вај фај и гпс и се по список.
Ова се се рачни работи за кои Андроид не само што не е оптимизиран, него нема никаква можност да ги направи освен со некоја ваква програмка. Но мачење е да се открие програма, да се види како се користи, да не се заебе нешто зошто си рутиран... се на се тапа. Си има многу проблеми со батерија андроидот реално. Можеби е опраен од порано, ама има кубици леб што треба да изеде за да е проближно до нешто што би се нарекло „оптимизиран“. Искрено не ми е јасно онолкава фирма како може да се ашка со средување на еден оперативен систем, да неможе да го опраи да е саглам еднаш засекогаш. Стварно не ми е јасно.