Ух, искрено не се ни сеќавам, одамна беше. Знам дека го рутнав и му ги извадив сите блоутвер апликации, исклучив анимации и уште некои мини-твикчиња што ги најдов по нет. Имаше значителна разлика.
За жал, со хард ресет сите тие работи се враќаат во нормала, така да не е перманентно, ама имаше разлика. Вреди да спомнам дека кај мене огромен негативен ефект имаше Viber. Со тоа инсталирано и батеријата побрзо ја трошеше, и телефонот беше поспор - мислам дека е пошто Viber-от се интегрира во све живо и диво на Андроид.