И јас мислев дека ноте е преголем, сигурно и сум рекол така. Си купи еден познаник и јас се заљубив во телефонот. Димензијата е одлична за мене, и воопшто не е голем. Се надевав дека Ноте 4 ќе има 0.2 инчи поголем екран како што беше традиција до сега да се зголемува екраноте на Ноте (а да се намалуваат надворешните димензии.
Доколку истиот нема поента за тебе, за мене има голема. Имаш избор од многу помали телефони доколку сакаш, јас имам избор од два Ноте и Сони З3 Ултра. Сони има преголема рамка, и лош екран за на отворено. Ноте од друга страна е многу компактен, и има еден од најдобрите екрани. Плус има пенкалце, кое немора да го користиш. Освен тогаш кога ќе ти притреба, ако не, нека стои. И копчињата се надвор од екранот и не го смалуваат. Цел е за мене.
Не бил телефон. Баш гледав Самсунг таблет да земам наместо телефон, но тие се големи 8 и нешто инчи. Кога ќе го видиш до Ноте изгледа како два Ноте од прилика. Да можев да го носам во џеб ќе го купев, Ноте можам да го носам во било кој џеб. Дури и футрола ќе му купам, нека е поголем.
Крсти го фаблет ако така сакаш. Името не е битно. Хардверот го имаш во С5. Избор имаш ако сакаш. Јас од друга страна имам многу ограничен избор.
Јас сум најголем дел од времето пред некаков екран, дали на лаптоп или на компјутер или на телефон. Еве баш сега во моментов се спремам за на одмор и треба да носам телефон, лаптоп и фотоапарат. Во случајот со Ноте неморам. Барем јас. Сосема ми е доволен за на одмор да го однесам само него, полн со 2 комплет серии, 40 FHD филма, музика, и 10 документарци. И тоа овие нема да се со мене само кога одам на одмор, туку и кога чекам ред во пекара, и кога каснат пријателите со кои се чекам, и кога уживам во двор, и кога сум во туѓа куќа а домаќинот спрема јадење. А често одам на одмори, викенди и слично. Планирав да си земам и блутут тастатура, блутут звучници, блутут маус, ХДМИ адаптерче, и кутија за под вода.
Отидоа во небитни води Самсунг со резолуцијата на Ноте 4, не мораше баш. Ама од друга страна ќе заостанеа зад другите, а тоа за гигант како самсунг е недозволиво. И до некаде разбирливо. Сони најавија дека ќе останат подолго на 1080п резолуција и не требало повеќе според нив. И јас мислам така, веројатно. Не дека немора, туку дека бенефитот од зголемена резолуција ќе се осети врз графичката, врз процесорот и врз батеријата. Јас на пример би сакал истот хардвер (ултра јак) да оди на пониска 1080п резолуција наместо на 1440п за да е побрз и поефикасен. Но пазарот одите натака. Имаме појаки процесори и екрани и мемории во џеб отколку на биро.
Пред дузина години ставав футурама епизоди на Нокиа 6230 со 128 пиксели екран. Купив Н73 нокиа за да гледам ствари на него. Потоа купив ајфон за да гледам ствари на него, трендот е јасен дека пак ќе гледам ствари на следниот телефон кој ќе го купам. Особено сега кога има бескрајно многу работи за гледање по светската широка мрежа.
Јас така гледам на работите. И со задоволство прифаќам поголем телефон, и во иднина уште поголем - зошто да не.