Јас имав проблеми со успорување со стариот HTC Sensation XE. Кога го купив беше прекрасно брз, со време (и со апдејти) се успори. Прочепкав по интернет, најдов што може да биде решението и се (под)среди телефонот.
Со сегашниот HTC One Mini немам никакви проблеми со редовните апдејти - повеќе ми смета што менуваат работи во интерфејсот него нешто друго, ама се навикнувам на промените и со време контам дека (некои од нив) се паметно изведени.
Во секој случај, јас останувам лојален на HTC. Не се исплати да се купува евтин телефон (ако не се мора, секако) со оглед на можностите кои постојат. Кога станува збор за Андроид, јас не би гледал ништо освен Flagship телефон, па макар и генерација стар и можеби половен (ако знам од кого го земам, цената е адекватна и има уште малку барем гаранција). Кај Флегшип телефоните секогаш е одено чекор понатаму во однос на другите.